05:19 - 3 април, 2026

(Фото) Кеба ја покажа својата единствена тетоважа – еве на кого е посветена 

Instagram

Српскиот пејач Драган Којиќ Кеба ја покажа својата единствена тетоважа пред камерите и откри дека тоа било подарок за неговата сопруга Оља.

Пејачот веќе четири децении е во брак со Оља Којиќ, а сега за првпат ја покажа тетоважата што ја направил како подарок за неговата сопруга.

Името на Оља е единствената тетоважа на Кеба и се наоѓа на неговата десна рака.

Инаку, Којиќ многу води сметка за својот изглед, а неодамна објави дека планира природните кремовии што ги прави за своето лице да ги претвори во бизнис.

Зборувајќи за бракот, пејачот открил и дали сега би направил свадбена веселба како Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш.

– Зошто да не, ако таа се согласи, а не верувам дека би се согласила. Ние сме 150 години заедно – рекол Кеба во емисијата „Старс специјал“.

Коментирајќи го фактот дека Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш и Зорица Брунцлик планираат на 29 јуни, на роденденот на пејачката, да направат свадба каква што никогаш немале, со сите обичаи, Кеба рекол дека е сигурен дека тоа ќе биде голема и убава веселба.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....