11:31 - 12 март, 2026

(Фото) Кашмир и кралска боја: Ќерката на Харис Џиновиќ се пофали со моден додаток од 600 долари

Џина Џиновиќ, ќерката на Харис Џиновиќ, по којзнае кој пат ја воодушеви јавноста со својот моден избор. Младата Џина овој пат го покажа својот стил преку парче кое навистина не може, а да не привлече око.

На фотографијата објавена на нејзиниот инстаграм-профил, Џина покажа што значи софистицираност. Синиот „Loewe“ шалго красеше аутфитот на Џина за избраната пригода.

Ова елегантно парче е направено од комбинација на фина волна и кашмир, обезбедувајќи не само префинет изглед, туку и чувство на топлина и удобност. Впечатливиот дизајн со препознатливите „Loewe“ монограми во нијанси на сина и сива боја одлично се совпаѓаше со нејзиниот темен аутфит, додека предимензионираниот крој додаде шмек на опуштена елеганција.

Нема сомнеж дека модниот додаток вреден околу 600 долари не е само парче облека, туку белег што ја издигнува секоја комбинација на повисоко ниво. Џина Џиновиќ одлично се вклопува во стилот и го прилагодува на својата личност, нагласувајќи колку внимание посветува на деталите.

Да потсетиме дека Џина, која нормално е многу активна на социјалните мрежи, еднаш покажа како изгледа нејзината гардероба. На нејзиниот Инстаграм профил можевме да видиме дека поседува розова чанта од брендот Bottega Veneta, чија вредност е околу 2.500 евра, во комбинација со фармерки Mugler од речиси 1.000 евра.

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....