12:15 - 27 август, 2026

(ФОТО) КАРОЛИНА И КИРИЛ ЛАЗАРОВ СЕ ШКОЛСКИ ДРУГАРИ: Пејачката блескаше на промоцијата на автобиографијата на ракометарот

Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiril Lazarov (@kiril.lazarov7)

Автобиографското дело на еден од најдобрите ракометари во 21 век, Кирил Лазаров, „Секогаш на победа“ е веќе достапно за читателите и на македонски јазик.

Книгата, која љубителите на спортот во Македонија и во целиот регион со нетрпение ја очекуваа, неодамна беше промовирана и пред скопската публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiril Lazarov (@kiril.lazarov7)

Патувањето од родниот Свети Николe до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин“ во летото 2022 година, е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера.

На промоцијата присуствуваа бројни личности од јавниот живот, соработници и пријатели на ракоментарот како и македонската ракометна елита.


Нашата позната пејчака Каролина Гочева беше поканета на промоцијата на Лазаров. но не само како јавна личност туку и како стара пријателка на ракометарот уште од гимназиските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)


Пред неколку дена, мојот школски другар Кирил Лазаров ја промовираше својата автобиографија во која раскажува за својот пат од самите почетоци на неговата блескава кариера… Кире, честитки за се’ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои…
Поздрав и до нашите поранешни соученици од IV6, гимназија Јосип Броз Тито од Битола, генерација- „како да беше вчера”  Се гледаме на следна годишнина од матурска! – стои во описот на објавата на пејачката со која му ја честиташе промоцијата на книгата.

Слични објави

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

Заветот на овчарот – зошто секоја година се дава ручек во Скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.

Хороскоп за 27 август: Овните ќе се фокусираат на саканата личност, Близнаците ќе имаат креативни идеи

Еспресо

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо
Се вчитува....