23:05 - 5 април, 2026

(Фото) Какви нозе, какво тело! Моника Белучи се соблече на 60 години и ги остави сите без здив

Најубавата жена на светот, како што ја нарекуваат италијанската актерка Моника Белучи, позираше за насловната страница на кинеското издание на магазинот „Ел“.

На еден сет фотографии Моника позира во тесен црн фустан и подвезици, заводливо гледајќи во камерата, што обожавателите ги фли во транс.

 


„Кралица, икона, убавица“, „Секогаш ќе бидеш мојата омилена Бонд девојка“, „Сакам да остарам грациозно како неа“, „Секси жена“, „Уметност“, „Најубавата жена на светот“, беа само дел од коментарите.

На крајот од септември Моника го прослави својот 60-ти роденден, а неодамна, во интервју за списанието „IO Donna“, таа зборуваше околу стареењето.

 


„Не само што сè уште сум тука, туку уживам во годините и продолжувам да откривам многу работи. Би кажала дека не можете да се борите и да му објавите војна на времето, кое е далеку посилно од нас: треба да се договорите, да потпишете примирје и да се надевате дека тоа ќе ве помилува. Би сакала да им бидам референтна точка на помладите од мене, како што беа и се моите 80-годишни пријатели за мене“, објасни таа.

 


Моника е во љубовна врска со Тим Бартон, а двајцата се запознале пред 16 години, додека врската официјално ја потврдија во октомври минатата година, кога се појавија на Филмскиот фестивал во Рим фатени за рака.

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....