Српската водителка Јована Јеремиќ е во хармонична врска со бизнисменот Драган Станковиќ.
Драган од претходниот брак има два сина, а вчера за првпат стана дедо.
Неговиот постар син Милош доби машко бебе по име Матија, а Јована Јеремиќ веднаш ја објави веста за раѓањето на детето на Инстаграм. Водителката не ја криеше возбудата за приновата во семејството, споделувајќи фотографија со Драган на која се облечени во маички „супер баба“ и „супер дедо“.
View this post on Instagram
Бидејќи нејзиниот свршеник сега и официјално е дедо, Јована си ја додели улогата на „баба“.
– Најмладата баба во историјата на Србија. Пионер и во тоа. Матија, нека те следи среќата и нека те чуваат божјите ангели. Те сакаат баба Јована и дедо Драган Лав – напиша таа, а честитките се нижеле, меѓутоа една особено го привлекла вниманието.
Во коментарите каде луѓето му честитале на семејството за новороденчето, се огласила и поранешна учесничка во реалното шоу „Задруга“ и фитнес инструкторка Љуба Пантовиќ, кој рекла дека сепак, таа е најмладата баба. Александра Суботиќ, ќерката на Љуба, се породила кога таа имала 33 години. Со оглед на тоа што Јована сега има 34 години, Пантовиќ истакнала дека сепак таа е помлада баба.
– Нека е со среќа, но јас бев помлада – порачала Љуба.
Јована одлично се согласува со синовите на Драган и повеќепати потенцирала дека сите тие се хармонично и обединето семејство кое се сака, како и дека нејзиниот Драган одлично се согласува со нејзината ќерка.
– Да ми кажеше некој дека во мојата животна приказна ќе има вакви луѓе во заплетот, немаше да верувам. Моето семејство. Леа се уште ја нема, но е со баба Олга. Па, една мајка не може секого да раѓа, но Бог може да ги обедини и врзува луѓето со иста душа. Кога ја сакаш личноста со која си, тогаш сакаш се што е нивно и се што тие се и претставуваат. Михајло и Милош, моите големи поддржувачи, моите двајца искрени и големи пријатели. Ти благодарам Драган за се што ми внесе во животот. Тоа е исцелување. Те сакам, љубов моја. П.С. Почнавме да личиме еден на друг. Твојата љубов, кралицата на твоето срце и твојата лавица“, напиша Јеремиќ.