18.8 C
Скопје
12:15 - 21 октомври, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ и пекарот се „грабнаа“ на сред ресторан: Жежок танц и бакнежи како да се сами

Јована Јеремиќ веќе неколку месеци ужива во љубовта со бизнисменот Драган Станковиќ.

Водителката не се одвојува од него, па речиси секој ден ги објавува нивните заеднички моменти на социјалните мрежи. Заљубениот пар излегол на приватна прослава, каде што папарацо фотографи ги фатиле во љубовен занес.

Јована и Драган прво долго танцувале, а потоа се бакнувале пред другите гости, не обрнувајќи внимание на никој околу нив. Јеремиќ за оваа пригода облекла златни тесни панталони и црна блуза, додека нејзиниот партнер црн костум и бела кошула, а фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Како што подоцна објави и самата водителка на Инстаграм, подоцна истата вечер во ресторанот го земала микрофонот и му пришла на Драган и му пеела на уво.

Да потсетиме, Јована ја дочека Новата година со Драган, на настапот на Александра Пријовиќ во Белград. Пред полноќ од него добила скап подарок – златно ланче кое гордо го носела во нејзината емисија, а истакнала и дека би сакала да му роди син.

– Првата Нова година со човекот што го обожавам. На мега-забавата, како што доликува на кралиците – напиша Јована заедно со снимката од нивниот жежок новогодишен танц.

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....