12.8 C
Скопје
16:32 - 20 февруари, 2026

(Фото) Игор Џамбазов знае што е безусловна љубов: Објави фотографија на која е прегрнат со Ферхунде

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов е познат по својата љубов кон животните. Тој во минатото чуваше куче од расата пинч, а имаше и мачка по име Емилија.

Веќе е познато дека Игор вдоми куче, кое го крсти Ферхунде Граникова, која подоцна стана Џамбазова. Јавноста многу добро ја познава Ферхунде, таа е речиси на сите објави кои Џамбазов ги споделува на својот инстаграм-профил.

Неговата последна објава на Инстаграм ги стопи срцата на обожавателите. Имено, на фотографијата Џамбазов ја прегрнува и бакнува Ферхунде искажувајќи ја сета љубов кон неа. Покрај фотографијата тој напиша дека во ова време само животните се способни безусловно да сакаат.

„Само животните знаат да сакаат безусловно. Ние, семоќните хомо-сапиенси, како да го заборавивме тоа“, напиша Џамбазов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Слични објави

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо
Се вчитува....