6.8 C
Скопје
09:57 - 1 април, 2026

(Фото) Храбро издание на ќерката на Гоца Тржан: Длабоко деколте и мини фустан кој открива сè!

Ќерката на српската пејачка Гоца Тржан и учесникот во реални шоуа Иван Маринковиќ, Лена Маринковиќ, сè почесто привлекува внимание на социјалните мрежи со фотографии на кои гордо ја истакнува својата витка линија.

Лена со другарките летото го поминува на море, а неодамна повторно објави фотографии во провокативна комбинација во чоколадна боја која совршено го истакнува нејзиниот тен и облините. Деколтето е смело длабоко, а краткиот фустан ги нагласува нејзините долги нозе.

Фотографијата предизвика бројни реакции на интернет, а ова не е првпат Лена да направи „хаос“ на мрежите. Пред извесно време објави слика во костим за капење и за првпат јавноста ја виде во толку смело издание, по што следеа десетици коментари и реакции.

Неодамна и самата Гоца Тржан зборуваше за првите години од мајчинството, откривајќи дека со ќерката постојано била присутна на јавни настани.

„Одев на промоции и на разни случувања и секогаш ја носев со мене. Знаев да се тргнам настрана, да ја подојам, па повторно да се вратам на настанот. Таа растеше како вистински номад, навикната на бучава и постојано патување“, изјави пејачката за WTF радио.

Тржан се присети и на времето кога Лена имала само месец и пол, а веќе патувале за Црна Гора, каде што таа настапувала.

„Ќе ја подојам, ќе ја пресоблечам, излегувам на бината, па повторно назад кај неа. Сакав и да работам, и да бидам мајка“, додаде таа.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....