14.8 C
Скопје
17:35 - 13 март, 2026

(Фото) Голема прослава во домот на Драгана Мирковиќ: Пејачката неизмерно среќна, ја сподели убавата вест!

Српската музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ има две деца: синот Марко и ќерката Мануела, кои ги доби во брак со поранешниот сопруг Тони Бијелиќ.

За нив се пишуваше повеќепати, а беше истакнато дека се исклучително скромни и дека не сакаат да се експонираат јавно.

Иако Марко извесно време беше активен на социјалните мрежи, тоа не беше случај со неговата помлада сестра.

Наследничката на Драгана речиси никогаш не се појавува јавно, а исто така немаме можност да ја видиме на социјалните мрежи. Пејачката сега објави дека нејзината сакана ќерка го слави својот 23-ти роденден, и ѝ честиташе на Инстаграм, но не со нејзина фотографија, туку само со фотографија од тортата.

 

– Среќен роденден, најубава моја! Те сака мама – порачала Драгана во инстаграм-приказната.

Да потсетиме, синот на Драгана Мирковиќ и неговата избраничка очекуваат бебе, а Драгана е пресреќна поради приновата во домот, а по тој повод и се огласи.

– Јас сум денеска сигурно најсреќната жена на светот бидејќи официјално можам да потврдам дека ќе станам баба. Мелани, избраничката на мојот син Марко, ни донесе на сите неопислива радост кога ни кажа дека е во благословена состојба – рекла Драгана.

– Ви благодарам на сите за добрите желби и честитки, а оваа прилика би сакала да ја искористам и да кажам дека ова е сè што ќе кажам за ова прашање. Бидејќи ниту еден од нив не се занимава со јавна работа, а и бидејќи сега таа е во чувствителен период, пишувањето и зборувањето за ова ќе биде стресно за Мелани, и затоа ги молам сите за разбирање и да не се занимаваат со изнесување на информации и шпекулации за нивниот живот.

 

 

Слични објави

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova
Се вчитува....