36.8 C
Скопје
15:05 - 11 септември, 2026

„Бев како капетан Кука“: Едита јавно раскажа кои естетски интервенции ги направила!

Пејачката Едита Арадиновиќ никогаш не криела дека посветено се грижи за својот изглед, ниту пак дека има направено естетски корекции. Од нејзиното појавување на сцената до денес, јавноста има можност да ја следи нејзината физичка трансформација која таа отворено ја прифаќа и споделува со фановите.

На социјалните мрежи, Едита со доза на хумор откри дека нејзиниот нос бил нешто што отсекогаш ѝ пречело.

– Немав голем нос, имав кука… бев капетан Кука – напиша таа во една објава на Инстаграм.

Фото: Скриншот

Меѓу првите интервенции што ги направила е отстранувањето на младеж од лицето, што, како што вели, било од здравствени причини.

– Долго време размислував да го отстранам и конечно го направив тоа. Сега ми е полесно, не се грижам повеќе дали ќе расте или ќе ми направи проблеми – изјавила таа во интервју за „Ало!“.

Покрај носот и младежот, Едита откри дека извесен период имала и зголемени усни со хијалурон, но подоцна решила да ги врати во природна состојба. „Сакав природен изглед“, кажала во една прилика.

Неодамна, таа направи и чекор назад кога се работи за тетоважите – ги отстрани со ласер. Како што покажа на снимките што ги сподели на Инстаграм, процесот не бил ни малку пријатен.
Се работеше за тетоважи посветени на нејзиното поранешно момче, со кое, според сè, веќе не е во врска.

Денес, Едита Арадиновиќ изгледа самоуверено, негувано и природно, а нејзиниот став кон естетиката е јасен – сè додека промените доаѓаат од внатрешна потреба и со самопочит, тие се сосема оправдани.

Слични објави

Ова е вистината за дијагнозата на Јелена Томашевиќ

E.A.

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо
Се вчитува....