05:21 - 3 април, 2026

(Фото) Душко Тошиќ доцна синоќа ја напушти Србија поради својата најголема љубов: Се огласи од омилениот град на Карлеуша

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Поранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ откако се пензионираше често патува низ светот поради деловни работи, а сега ја напушти Србија поради својата најголема љубов.

Имено, тој отпатува во Италија, поточно во Милано, и тоа поради Црвена звезда, клуб кој го обожава и за кој страсно навива.

Тошиќ се огласил од Милано доцна синоќа и со своите следбеници споделил фотографија од една од најубавите знаменитости во италијанскиот град, но во исто време и покажал дека вечерва ќе ја бодри Звезда од трибините.

Инаку, Душко веќе во два наврати го носеше дресот на Звезда, а љубовта кон клубот ѝ ја пренесе на помалата ќерка Ника, која тренираше фудбал во Црвена звезда.

Тој играше за Црвена звезда од 2010 до 2012 година, направи мала пауза играјќи за Бетис како позајмен.

Да потсетиме, фудбалерите на Црвена звезда од 21 часот ќе ѝ гостуваат на екипата на Интер, во второто коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....