19:25 - 4 април, 2026

(Фото) Десингерица отиде чекор понатаму, газеше луѓе во публиката во Хрватска: Јавноста згрозена

Контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ Десингерица на концертот во Опатија извлече човек од публиката на сцената и го газеше по грбот.

Контроверзниот 30-годишен рапер „повлече“ маж од публиката, го покани на сцената, а додека правеше склекови, Деспиќ му згазна на грбот.

Овој скандал го пренесоа хрватските медиуми кои потсетија дека на минатогодишниот концерт во истиот град Десингерица ги удрал обожавателите со патика по глава. Во таа прилика тој си ја повредил главата за време на настапот.

“Навистина не знам, друже, што правам со мојата глава на настапи кога станува збор за овие работи, до ова. Што ти е Драгомир? Еј, смири се Драгомир, ќе ти пукне главата, Драгомир“, изјавил тогаш покажувајќи гребаница на главата по настапот во Опатија.

„Слободна Далмација“ истакна и дека српскиот рапер редовно ја шокира хрватската јавност затоа што „српскиот рапер освен што ги удира фановите со патика, за време на настапите ги соблекува чорапите и ги фрла кон публиката, а еднаш бос се качил на ограда и си ги измил нозете со пиво“.

За време на вториот настап, тој се качи на шанкот и симулираше сексуален однос со колега, а потоа го покажа средниот прст.

Слични објави

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.
Се вчитува....