9.8 C
Скопје
12:32 - 20 февруари, 2026

(Фото) Дејвид Гета ја остави сопругата за 25 години помлада, а сега на 56 години повторно ќе стане татко

Синоќешното доделување на Латински Греми награди во Севиља донесе големо изненадување. Познатиот диџеј Дејвид Гета и 25 години помладата актерка Џесика Ледон прошетаа на црвениот тепих, а нејзиниот труднички стомак ја откри среќната вест.

Имено, тие синоќа се огласија на Инстаграм пишувајќи: „Имаме големи вести за вас, најголемата најава за годинава“.

Врската која беше турбулентна стана повеќе од сериозна откако Дејвид Гета и Џесика Ледон раскинаа и се смирија.

Познатиот диџеј беше на црвениот тепих во модна комбинација со неговиот потпис, додека Џесика Ледон  облече интересен фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак, кој постојано го допираше, како и диџејот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Guetta (@davidguetta)

Гета на 55 години ќе стане татко по трет пат блескаше од среќа.

Инаку, музичарот  и актерката почнаа да се забавуваат во 2015 година, а тој и даде ветувачки прстен наместо веренички во 2021 година, бидејќи „повеќе не верува во брак“. Нивното раскинување во октомври минатата година беше големо изненадување.

Тие ја прекинаа својата романса и затоа што повеќе не беа компатибилни еден со друг, а за раскинувањето придонесе и фактот што Дејвид Гета во текот на летото живееше на Ибица, а Џесика Ледон во Америка.

Славната двојка последен пат се појави на Греми наградите во април 2022 година, пред да одлучи да ја прекине врската. Откако минатото лето таа објави фотографии на Инстаграм од ноќно излегување со пријателите, почнаа гласините дека љубовта се појавила.

Нивната врска започна на многу бурен начин. Сите зборуваа за тоа дека славниот музичар се развел од поранешната сопруга Кети, со која беше во брак 22 години, од 1992 до 2014 година и со која има две деца, ќерката Енди и синот Елвис, поради помладата партнерка.

Слични објави

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.
Се вчитува....