06:14 - 15 ноември, 2026

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Српскиот пејач Никола Роквиќ пред осум дена тргна на пат за Грција, и тоа пешки. Крајната цел е манастирот Нектариј Едински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши аџилакот, а целта на ова благородно патешествие е да се соберат средства за набавка на апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детското онколошко одделение.

Роквиќ од патувањето редовно се огласува на социјалните мрежи, па откри кој му прави друштво, какви интересни работи му се случиле, но зборуваше и за парите што ги собира за да им помогне на сите деца на кои помошта им е најпотребна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


Пејачот се огласи на осмиот ден од патувањето и откри колку пари се собрани досега.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


– Голем поздрав, драги луѓе. Уште еднаш ве повикувам да ја поддржите мисијата „Овој пат за детска радост“ и ве известувам дека ја надминавме бројката од 6 милиони динари. Бидете живи и здрави. Господ да ве благослови, продолжуваме понатаму – порачал Роквиќ.

Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана ја основаа фондацијата „Семејство“ која со својата хуманост и донирање пати ќе им помогне на сите на кои тоа им е неопходно.

 

 

Слични објави

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо

Голема прослава во домот на Дадо Полумента: планира свадба следната година, а сега се огласи за посебен повод

Еспресо

Поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ откри детали од нејзиниот прв брак: „Се зедоа по само петнаесет дена, но несогласувањата брзо излегоа на површина“

Е.А.

Новогодишни хонорари на балканските ѕвезди: Здравко Чолиќ и Цеца на врвот на листата за најлудата ноќ

Е.А.

Бресквица со емотивна објава за новиот партнер: „Ти дадов збор дека ова е засекогаш“

Е.А.
Се вчитува....