5.8 C
Скопје
04:50 - 1 април, 2026

(Фото) Богдана Ражнатовиќ целосно го промени изгледот поради роденденот на синот: Многумина мислат дека сега е поубава 

Богдана Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Вељко Ражнатовиќ на 14 мај имаа голема причина за славење, бидејќи нивниот најмлад син Исаија наполни една година.

Синот и снаата на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ го прославија роденденот на Исаија со семејството, додека поголемата прослава ќе се одржи за неколку дена. Покрај фотографиите од нивниот трет син Исаија, вниманието на Инстаграм го привлече и новата фризура на Богдана Ражнатовиќ.

Сите се навикнати Богдана секогаш да ја гледаат со пуштена права коса, но таа одлучила барем засега да ја промени фризурата. Со оглед на тоа дека негува сосема природен изглед, па дури и косата ѝ е нефарбана, сопругата на Вељко направила само мала промена. Имено, таа направила нежни бранови, а фотографии од својата нова фризура сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Како што и се очекувало, Богдана добила голем број комплименти за својот изглед, а некои дури констатирале дека оваа фризура ѝ стои дури и поубаво од правата коса.

Сопругата на Вељко обично ги избегнува медиумите, а само еднаш даде изјава за јавноста, а тоа се случи во шоуто „Цеца и децата“ каде што зборувала за својот сопруг. Токму поради што нема претерана желба јавно да се експонира, Богдана стана една од омилените српски јавни личности.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....