6.8 C
Скопје
12:03 - 22 јануари, 2025

(Фото) Бијонсе и Џеј Зи ja купија најскапата куќа во Калифорнија: Еве како изгледа и колку платија за неа

Бијонсе и Џеј Зи веќе некое време си бараат куќа и конечно ја пронајдоа оазата што ја бараа во Малибу, Калифорнија.

Имотот од 40.000 квадратни метри има поглед на Тихиот Океан во ексклузивната населба Рај Ков.

Според неколку американски медиуми, домот бил во сопственост на Вилијам Бел Џуниор, еден од најголемите колекционери на уметнички дела во светот и бил дизајниран од истиот архитект кој го изградил домот на Канје Вест покрај океанот.

На имотот му беа потребни речиси 15 години за да се заврши бидејќи има единствена конструкција од целосен бетон и го чинел Бел Џуниор речиси 100 милиони долари за изградба.

Почетната барана цена на домот била 295 милиони долари, меѓутоа, Бијонсе и Џеј Зи го купија со попуст од 95 милиони долари на цената, што го прави втор најскап дом во Соединетите Американски Држави.

Првото место за најскап дом во Америка му припаѓа на Кен Грифин кој купил четирикатна станбена зграда со поглед на Њујор Централ парк и била купена за 238 милиони долари.

Имотот на Џеј Зи и Бијонсе е дизајниран од јапонскиот архитект Тадао Андо. За дизајнот на целосно бетонска куќа потребни се околу 7.645 кубни метри бетон, вклучувајќи ги и потребните материјали за изградба на други украсни елементи и базен, кои се дел од стилот и дизајнот на јапонскиот архитект.

По продажбата на имотот, Вилијам Бел Џуниор направил неверојатни 100 милиони долари профит, бидејќи му биле потребни само помалку од 100 милиони долари за да го изгради и бил продаден за двојно повисока цена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tadao Ando fan (@tadao.ando)

Домот кој се наоѓа на врвот на карпите во Малибу е уникатно уметничко дело бидејќи ја следи дизајнерската идеја на легендарниот Тадао Андо, револуционерниот архитект кој има светски познати структури ширум светот.

 

 

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ сака да се омажи со Рале во црква до гробот на патријархот Павле: Тајно го посетила манастирот!

Еспресо

„Возев мотор на задното тркало“: Дејан Матиќ откри детали за детството, татко му не верувал дека е слеп

Еспресо

(Фото) Северина ужива на Малдиви и ја чита книгата на Ведрана Рудан: „Нејзиниот филм на јахтата ја оживеа Југославија!“

Еспресо

(Фото) Пожешка и од песокот во Дубаи: Теодора Џехверовиќ им го помати умот на мажите со секси фотографии

Еспресо

Хороскоп за 22 јануари: Овните ќе ги решат проблемите, Вагите ќе уживаат во љубовта, а вие?

apostolova

Трогателен момент во кариерата на Петар Грашо: Сними дует со двегодишната ќерка

Еспресо
Се вчитува....