16:54 - 6 април, 2026

(Фото) Ана Окса ја навреди публиката на Сан Ремо поради последното место: „Мојата песна не е за фукционални неписмени“

„Функционални неписмени“, Ана Окса ја изнесе оваа забелешка на социјалните мрежи, обраќајќи се на јавноста која не го разбрала текстот на песната претставена на Санремо 2023 година, насловена „Сали“.

Настапот на легендарната Окса, на крајот од првата вечер, и го донесе само последното место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mario Manca (@mariomanca89)

И така, на Инстаграм профилот на пејачката се појави графика која го прикажува концептот на функционален неписмен, кој „знае да чита и пишува“, но „не го разбира значењето на текстот, не гради артикулирани анализи, го споредува светот само во директна врска со неговите искуства“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

Графиката е придружена со натпис. „Компанијата Оксарте е солидарна со оние кои се бореле да го разберат текстот и/или значењето на „Сали (Песна на душата)“. За некои, помалку структуриран текст на италијански е веројатно полесен за разбирање. Можам да ве советувам да посетите експерти или да слушате нешто друго со текстуални структури на ранг на вашите способности. Благодарам за вниманието“.

По илјадници коментари, не баш љубезни, објавата беше затворена за дискусија.

Инаку, вечерва ќе се случува третата вечер на која ќе се појават нови натпреварувачи на Сан Ремо. Потоа ќе следува финална вечер на која ќе се одбере победникот кој ќе ја претставува Италија на Евровизија.

Вообичаено, Сан Ремо и годинава е своевиден спектакл во Италија кој го покриваат сите списанија, весници и портали, а бината во театарот Аристон изгледа на вистинска модна ревија.

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin
Се вчитува....