2.8 C
Скопје
21:07 - 18 декември, 2024

Феноменот Тејлор Свифт: Фановите тврдат дека доживуваат вонтелесно искуство на концертите, но и амнезија, експерти објаснуваат зошто

Турнејата Ерас на Тејлор Свифт вети – и исполнува – дека ќе биде незаборавна, опфаќајќи обемен распоред од 52 датуми, 20 (преполни) стадиони, со 10 албуми и 44 песни, при што секое шоу трае повеќе од три часа.

Сепак, повеќе фанови веќ пријавуваат знаци на амнезија по присуството на концертот. Џена Токатлијан, 25-годишна девојка од Њујорк, го сподели своето искуство со списанието Тајм, наведувајќи дека амнезијата после концертот е вистинска појава и дека не ѝ се случила само неа. Таа објасни дека е тешко да се опише она што всушност го видела на сцената за време на концертот, припишувајќи го на можното преоптоварување на сетилата.

„Тешко е да се состави сликата на она на што всушност сте сведок“, рече таа.

„Те обземаат сите тие емоции додека ги слушаш твоите омилени песни и велиш: „Леле, каде сум?“

„Доколку го немав 5-минутното видео што мојот пријател го сними на концертот,  веројатно ќе им кажев на сите дека тоа не се случи“.

Друга обожавателка на Свифт, Никол Буз, 32-годишна девојка од Гетисбург, присуствувала на концерт на Свифт на 14 мај во Филаделфија и го опиша како „вонтелесно искуство“.

Таа рече дека се чувствувало како концертот навистина да не ѝ се случил. Сепак, таа билеа свесна за реалноста на настанот – како што вели – бидејќи нејзината банкарска сметка ги покжувала 950-те долари потрошени за билетот, што послужило како потсетник.

Примерот на двете девојки не е исклучителен, зашто и други фанови кои биле присутни на концертот пријавиле таканаречено чувство на вонтелесност, „како да не сум присутна јас, туку некоја друга личност наместо мене“, но и на заборав и конфузија што с случило на сцената, што виделе и што доживеале.

Интересно е што овој феномен не е ексклузивен за концертите на Тејлор Свифт. Експертите објаснуваат дека тоа може да се случи при секоја високо емоционална состојба, дури и надвор од концертна средина.

„Ако сте на концерт на некој што го сакате, опкружени со илјадници многу возбудени други луѓе, слушате музика со која сте воспоставиле емотивни врски, ќе доживеете многу емоции што ќе ве преплават одеднаш“, објаснува неврологот с-р Дин Барнет, почесен научен соработник на Универзитетот во Кардиф, за Дејли мејл.

„Покрај тоа што ќе биде исцрпувачки за мозокот, тоа ќе значи дека сите работи што ги доживувате ќе имаат високо емотивно влијание, што значи дека ништо „не се издвојува“, а тоа ќ влијае понатаму на меморијата доколку сакате подоцна да се сетите што навистина сте доживеале“ – додава неврологот.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....