10.8 C
Скопје
12:16 - 18 март, 2026

Еве што ќе ѝ остави Калиниќ на сопругата по разводот: За себе задржа само 2 работи

Водителот Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра решија да стават точка на бракот по 18 години заеднички живот, кога сфатија дека за нив и за нивните деца е најдобро секој да оди по својот пат.

Двајцата наводно многу брзо се договориле за разводот и како да го поделат брачниот имот, за сѐ да помине што побрзо и побезболно, пред сѐ заради нивните две деца.

Милан веднаш прифатил станот во кој живееле заедно со години на Вождовац да им припадне на Сандра и нивните деца и таму ќе продолжат да живеат. Тој се преселил кај мајка му во центарот на градот и живее таму веќе некое време, јавуваат локалните медиуми.

Менаџерот ќе ги задржи во негова сопственост џипот и скутерот, кои секојдневно ги користи за да ги заврши сите свои обврски низ градот. Покрај станот Сандра ќе има и еден автомобил.

Калиниќ претходно зборуваше за врската со Сандра, а наведе и голем број детали.

– Со Сандра сме заедно толку долго и сѐ повеќе уживаме, но како одминува времето сѐ повеќе се дружиме, се смееме уште повеќе од порано и се надополнуваме. Тоа се ретки работи што ги имаме затоа што, гледајќи ги другите луѓе, разбирам дека многумина се заедно само формално, или дека поради некоја причина го изгубиле тоа „нешто“ и веќе не е тоа – рекол Милан во една прилика, а пренесуваат медиумите.

Слични објави

Што се крие зад смртта на турската модна инфлуенсерка? Семејството се сомнева во официјалната верзија на истрагата

Еспресо

Шок во емисијата: Сања Вучиќ откри како се вика нејзиното момче и го изненади Огњен Амиџиќ

Еспресо

Куркумата е многу здрава, но во овие пет случаи не смее да се користи

Еспресо

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо

(Фото) Дани „раскомотена“ на масажа, без трошка шминка

Еспресо
Се вчитува....