22:58 - 4 април, 2026

Еве на колку милиони се проценува богатството на Халид Бешлиќ и што поседува: Има надворешен лифт до зградата…

Халид Бешлиќ се смета за еден од најбогатите пејачи во Босна и Херцеговина, но сепак живее поедноставен живот.

На својот имотен список има неколку недвижности, имот во близина на Сараево, бензинска пумпа и мотел (кој денес е напуштен), поради кои подигнал кредит. Меѓу другото, во Сараево има и зграда каде што живее пејачот, а до која се доаѓа со специјален, надворешен лифт.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ во една прилика ги снимила инвестициите на Халид, но и самиот Бешлиќ додека седел со своите пријатели во блиското кафуле.

Соседите имаат прекрасни зборови за него. Велат дека е многу скромен и приземен.

– Тој е најдобар што може да биде, кога разговарате со него никогаш не би помислиле дека е тој е толку голема ѕвезда – рекол еден од соседите.

Да, потсетиме пејачот претходно беше во центарот на медиумското внимание поради парцелата што ја купи на островот Пељешац, а на која наводно му била запрена изградбата.

Бешлиќ потоа продолжил со изградбата на вилата, а како што истакнал, немал никаква забрана.

– Ја купив парцелата од пријател, односно од неговата ќерка, која поседува компанија, и таа гради комплекс од 12 куќи. Сè е купено веќе со градежна дозвола. Тоа нема да биде екстра луксузна вила, туку куќа од 170 квадратни метри. Секако ќе имам базен пред куќата. Верувам дека ќе биде готова следната година, не знам дали ќе успеам до летото. Ќе видиме. Се одлучив за тоа место поради мирот, убавината и близината до Сараево – раскажал Бешлиќ за хрватски „Стори“ на крајот од 2023 година.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....