13:44 - 13 ноември, 2026

Еве кое е омиленото јадење на Душко Тошиќ: На Карлеуша ѝ се лоши од помислата на него

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша со години е вегетаријанец, откако, како што вели, сфатила колку животни умираат заради човечката исхрана. Оттогаш таа се бори за правата на животните, а месото не е добредојдено во нејзината куќа.

Но, порано не било така, а доказ за тоа е шоуто со Наташа Илиќ во кое Јелена подготви неколку јадења, меѓу кои и свинско филе. Рецептот на Јелена Карлеуша за ова јадење со месо тогаш ги воодушеви сите, бидејќи е брз и лесен за подготовка, а многу вкусен.

Како што открива таа, несомнено било едно од омилените јадења на Душек од кујната на Јелена, но очигледно е дека поп-дивата никогаш повеќе нема да го подготви, бидејќи одамна се префрли на вегетаријанска исхрана.

– Никогаш не сум болна и верувам дека за тоа е заслужна исхраната без месо. Јадам многу овошје и зеленчук. Многумина ќе се изненадат, но јас никогаш не сум пиела кафе. Пијам три литри вода дневно, а слаткото презирам. Сето тоа придонесува за мојата витка линија – изјавила еднаш Јелена.

Рецепт на Јелена Карлеуша за свинско филе

Состојки:

– 4 свински филети
– лук
– 1 дл бело вино
– мешавина од зачини

Подготовка:

Крупно исечкајте неколку чешниња лук, ставете ги во тавче со преполовени филети, сè посипете со мешавина од зачини, па пржете на средна температура околу пет минути. После тоа, додадете бело вино по вкус и оставете го да врие околу дваесет минути. Јелена со филето послужи цели печурки динстани во путер.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....