3.8 C
Скопје
00:49 - 21 декември, 2024

Ева Каили разрешена од функцијата: Од ѕвезда во подем до централна фигура во „Катаргејт“, која е поранешната потпретседателка на Европскиот парламент

Поранешната телевизиска новинарка, потоа многу млада избрана за пратеничка, за најпосле да направи голем скок во кариерата стигнувајќи до функцијата потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили, е една од централните фигури во истрагата за корупција од страна на катарските власти.

„Не е претерување да се каже дека последните неколку денови ми беа најдолги во кариерата. Бесна сум, жал ми е, тоа се чувствата што ја придружуваат мојата решеност да ја зајакнам оваа институција. Европскиот парламент е на удар, европски демократијата е нападната“, рече претседателката на Европскиот парламент за случајот наречен „Катаргејт“. „Извештајот за визна либерализација со Катар и Кувајт се упатува до Комисијата“, додаде Мецола, која потоа потврди дека ќе се активира процедурата за избор на заменик-претседател, кој ќе биде назначен на местото на Ева Каили.

„Овој скандал не е прашање на левица или десница, не е прашање на север или југ. Ве молам, да се воздржите од искористување на овој скандал за политички цели“, заклучи претседателката.

Повеќе од 750 илјади евра пронајдени во домот и во куфер

Грчката европратеничка Ева Каили е во центарот на корупцискиот скандал што го потресе Брисел. Таа е обвинета за лобирање во корист на држава во Персискиот Залив, веројатно Катар. Во ноември европратеничката отпатувала за Доха и се сретнала со високи претставници на владата, а само една недела подоцна, Каили го пофали Катар во нејзиниот говор како „добар партнер“:
„Денес, Светското првенство во Катар покажува како спортската дипломатија може да постигне историска трансформација преку реформи што го инспирираа арапскиот свет. Катар е на чело во борбата за правата на работниците со укинување на кефалу (форма на експлоатација) и воведување минимална плата“. Каили се нафрли на оние што го критикуваа Катар и кои повикаа на бојкот на Светското првенство.

Првите процени на парите пронајдени во домот на Каили и во куферот на татко ѝ, зборуваат за повеќе од 750.000 евра.

Меѓу најубавите европски политичарки

Имотот на потпретседателката на Европскиот парламент е замрзнат, по наредба на грчката управа за спречување на перење пари во контекст на случувањата на таканаречениот „Катаргејт“, скандал поврзан со Емиратите во корист на европратениците.

Истрагата го вклучува и поранешниот италијански европратеник Антонио Панѕери, чиј поранешен најблизок соработник бил токму партнерот на Каили. Парите запленети кај Каили сè уште не се избројани, но според белгискиот весник „Л’Ехо“, првите процени зборуваат за над 750.000 евра, од кои 600.000 евра биле во куферот на таткото на Ева, а остатокот бил запленет во домот на европратеничката.

Скандалот ја прекина извонредната досегашна кариера на Ева Каили (44). Каили студирала архитектура во Грција, а подоцна станала новинарка работејќи на вестите на популарен телевизиски канал. Во 2007 година таа станала парламентарка и се приклучила на партијата Пасок, претставувајќи ги социјалистите во социјалдемократската фракција. Залагањата на Каили биле во областа на дигитализацијата и технологијата и важела за ѕвезда во подем. На почетокот на 2022 година таа станала една од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент. Во Грција е позната и како консултантка за медиумска групација и за Асоцијацијата на фармацевтската индустрија.

Во 2014 година пристигнала во Еврокомората во Брисел, каде што се сретнала со својот партнер Италијанецот Франческо Џорџи, кој денес е, исто така, меѓу уапсените, а со кого има ќерка. Според секретарот на Пасок, Никос Андрулакис, кој ја исклучил Каили од партијата на денот на претресите, неволјите на европратеничката биле започнати извесно време пред скандалот. „Откако го осудив скандалот со прислушувањето во Грција минатиот јули, Каили рече дека тоа е вообичаена работа што веќе им се случила и на други“, објасни Андрулакис, кој беше првиот политичар што откри обид за хакирање на неговиот мобилен телефон од непознати лица со шпионски софтвер „Предатор“. Неговото осудување беше фитилот што го поттикна таканаречениот „грчки вотергејт“ во земјата. Во таа пригода Каили била интервјуирана од ТВ Мега и изјавила дека прислушување, слично на она на секретарот на нејзината партија, било осудено од европратениците од други земји, а таа самата се дефинирала како жртва на сличен напад, исто така од непознати лица, за време на патувањето на Арапскиот Полуостров.

Неодамна, различни интернационални медиуми Каили ја вбројуваа меѓу 10-те најубави европски политичарки.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....