7.8 C
Скопје
20:01 - 31 март, 2026

Емотивната изведба на Бијонсе за време на комеморацијата на Коби и Џиџи! (ВИДЕО)

Instagram

Бијонсе ја отвори вчерашната комеморација за погинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џиана во „Staples Center“ во Лос Анџелес. Пејачката со емотивната изведба на песните „XO“ и „Halo“ разнежни 20 илјади луѓе.

„Овде сум бидејќи го сакам Коби и ова е една од неговите омилени песни. Ќе започнам повторно, но сакам да го направиме тоа сите заедно, да пеете толку гласно што ќе се слушне вашата љубов“, рече Бијонсе пред изведбата на песните. Додека ја изведуваше „Halo“ таа ѝ порача на Ванеса дека Коби и Џиџи ќе бидат нејзините ореоли (анг.halo). Бијонсе пееше во златно одело, поточно истата нијанса како дресот на Коби.

На комеморацијата „A Celebration of Life“ настапи и Алиша Кис, а емотивни говори одржаа Џими Кимел и Мајкл Џордан.

Сепак, најемотивниот говор на вечерта го одржа Ванеса Брајант која го прочита своето љубовно писмо за покојниот сопруг и нивната ќерка.

„Бог знаеше дека тие двајца не можат да бидат на оваа земја еден без друг. Поради тоа ги врати на небото заедно“, раскажа низ солзи Ванеса.

Инаку, 24 февруари е датумот кој е со посебно значење за семејството Брајант, бидејќи Коби го носеше дресот со број 24, а Џиана со бројот 2.

На комеморацијата настапи и Кристина Агилера, која ја изведе емотивната верзија на песната „Ave Maria“.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....