03:34 - 31 јануари, 2026

Емина Јаховиќ откри кога сфатила дека е крај на бракот со Мустафа: Нашиот дом беше топол, а потоа…

Пред неколку години, пејачката Емина Јаховиќ се разведе од Турчинот, Мустафа Сандал, со кого има два сина. Емина сега проговори за деталите од својот приватен живот и во оваа прилика се осврна и на врската со поранешниот сопруг и бракот.

„Можев да останам во брак, а потоа да се однесувам како да не сум во брак. Мислам дека жените кои сега се во брак ни завидуваат нам кои сега сме слободни, а ние кои сме слободни можеби им завидуваме на оние жени кои се во брак. Ми се чини дека луѓето во Турција се разведуваат многу повеќе отколку тука“, коментираше Емина.

Таа откри и како бракот меѓу неа и турскиот пејач се распаднал.

„Јас и мојот поранешен сопруг се разведовме на толку чуден начин… Одеднаш куќата, која беше полна со топлина, стана сива“, рече Емина.

Сепак, како што истакнува, таа не ја изгубила вербата во бракот, па повторно би застанала на лудиот камен.

„Ако најдам некој што навистина вреди, би се омажила повторно, зошто да не. Го сакам бракот, го сакам тој сојуз ако во него може да се постигне тој мир и убавина…Никогаш не бев доволно самосвесна. Навистина се борам со перфекционизмот. И мислам дека тоа е квалитет што никому не му е потребен“, изјави Емина за „Хајп“.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....