09:40 - 12 април, 2026

Експерти за говор на тело: Принц Алберт е „напнат“, принцезата ја нагласува љубовта кон децата, а фотографијата е „наместена“

Принцот Алберт од Монако и неговата сопруга принцезата Шарлин позираа заедно со децата за велигденските празници. И иако фановите се израдуваа што семејството е конечно заедно, се појавија толкувања на психолози кои велат дека – не изгледаат среќни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hshprincealbertii

Според психолозите и толкувачи на говорот на тело, принцот Алберт изгледа „напнато“ на фотографијата додека се обидува да позира како „заштитник на семејството“.

Парот беше фотографиран со седумгодишните близнаци – принцезата Габриела и принцот Жак во нивното прво заедничко појавување пред очите на јавноста. Експертот за говор на телото Џуди Џејмс изјави дека Алберт (64) најверојатно сакал да сигнализира „отпорност и сила“, но наместо тоа стои „незгодно“ во позадина.

Џуди истакна и дека додека Алберт не ја допирал целосно својата сопруга, тој само ја ставил раката на рамото на синот Жак како „гест на родителска поддршка“. 

Според толкувачите, 44-годишната Шарлин пак, на фотографијата, ја демонстрира својата „љубовна врска“ со ќерката Габриела, сигнализирајќи како нејзината врска со нејзините деца остана силна и покрај тоа што поминала повеќе месеци одвоена од семејството.

Фотографиите беа споделени само неколку дена откако Алберт по втор пат беше позитивен на Ковид.

„Овде, напнатата положба на телото на Алберт и изразот на лицето укажуваат на желба да демонстрира сила и да се покаже како заштитник на своето семејство“, нагласува Џуди, анализирајќи ја фотографијата. Неговиот говор на телото изгледа строг и неприроден, како што му е „стегната“ и насмевката. 

Според психолозите и експерите за говор фотографијата не покажува никаква реална слика за односите внатре во семејството, но не покажува ни љубов меѓу принцот и принцезата туку „наместеност“.

Слични објави

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....