3.8 C
Скопје
01:32 - 15 март, 2026

Еден детаљ ги изненади сите: Јелена Розга ја обнови врската со синот на Тончи Хуљиќ, а сега многумина се збунети од нивната одлука

Сè поизвесно е дека хрватската пејачката Јелена Розга и композиторот и текстописец Иван Хуљиќ се нов пар на сцената. Иако не се огалсуваа за својата врска, минатата година беа снимени како се држат за раце шеатајќи во Будимпешта, а последните денови Петар Грашо и Нина Бадриќ дадоа неспретни изјави кои сугерираат дека Розга и помладиот Хуљиќ се во романтична врска.

Неодамна и таткото на Иван, хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ, го коментираше нивниот однос и одговори на прашањето дали ги поддржува.

„Тоа ме прашаа и за Хана и Петар. Ако тоа е врска, а не пријателство, јас го поддржувам. Сè што ги прави среќни моите деца мора да ме прави среќен и мене“, рекол тој таинствено.

Јелена претходно негираше дека се мажи.

„Вљубена сум и среќна, тоа е вистина, но да се мажам – не се мажам. Полека, полека, има време. Особено не планирам две свадби, како што пишуваат“, изјавила Јелена за „Стори“.

И додека шпекулациите за нејзината врска со Иван Хуљиќ не престануваат со месеци, една изненадувачка информација од социјалните мрежи не им оди во прилог на гласините дека тие се пар.

Имено, Јелена и Иван не се следат на Инстаграм, иако таа за разлика од него е многу активна на таа платформа. Иван ја објавил својата последна фотографија во август 2021 година. Интересно е и тоа што Јелена ги следи другите членови на семејството на Иван на социјалните мрежи – таткото Тончи, сестрата Хана и нејзиниот сопруг Петар Грашо. Дали е ова само уште еден обид да се сокрие нивната врска? Сè додека Јелена и Иван мудро молчат, можеме само да шпекулираме.

 

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....