13.8 C
Скопје
15:35 - 18 декември, 2024

Долгиот список на имоти на Новак Ѓоковиќ вредни 21 милиони евра: Од станови во Менхетен до вила на село

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покрај успешната кариера во тенисот, подеднакво е успешен и во бизнисот. Ѓоковиќ досега има инвестирано дури 21 милиони евра во купување недвижен имот.

Ѓоковиќ заработил околу 150.000.000 долари, па дел од тие пари ги вложил во становите што ги поседува во Њујорк, Мајами, Монте Карло, Кумбор, Белград и вила кај Фрушка Гора.

Претходно, кога престојуваше со семејството во главниот град на Србија, Ѓоковиќ престојуваше во еден од луксузните хотели во центарот на градот, но минатата година купи цел кат во зграда во населбата Вест 65, па сега тоа е нивната оаза. Папараците често го сликаа спортистот додека се шета во близина на неговиот дом со своите наследници, како и додека седеше со пријателите во блиското кафуле. Новак за таа инвестиција во Нов Белград платил околу 550.000 евра.

Пред неколку години стана сопственик на луксузен стан во Мајами во зграда која се наоѓа веднаш до Атлантскиот Океан. Според американските медиуми, тој за ова издвоил неверојатни 6.700.000 долари. Оваа неверојатна зграда се наоѓа на брегот на Мајами Бич. Совршено е за семеен живот. Има три спални соби, три бањи и прозорци од подот до таванот. Новак и неговото семејство можат да уживаат во спектакуларен поглед на Атлантскиот Океан, заливот, паркот и градот. Новак и неговото семејство имаат на располагање два приватни базени, спа центар, сауна, фитнес центар, бар, а најдобриот тенисер на светот има и клуч од ексклузивен приватен парк.

@real.estates Novak Djokovic’s penthouse in New York worth $10 million! #novakdjokovic #djokovic #tennis #tennisplayer #wimbledon #fyp #foryou #foryoupage #sports #tennistiktok #realestate #mansion #celebrity #athlete #newyork ♬ Without Me – Halsey

Една година подоцна, поточно во 2019 година, купи имот и во Њујорк, поточно на Менхетен. Како што тогаш објави „Волстрит журнал“, Ѓоковиќ платил 5.400.000 долари за два стана, а неговиот прв сосед е еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо. Зградата е ремек-дело на архитектурата и градежништвото, а се состои од две кули. За изгледот на зградата е одговорен познатиот архитект Ренко Пјано, кој ја проектирал и зградата во Мајами каде Новак има стан.

Ѓоковиќ веќе неколку години има имот и во Портоново во Кумбор. Новак е воодушевен од ова место, има свој мир, а целото семејство се согласи дека овој дуплекс е вистинскиот избор. Новак овде има сè што му треба, во близина се терените каде што тренира редовно, дури и двапати на ден. Единствено што изненадува е тоа што не купил една од куќите поблиску до морето, туку се одлучил за дуплекс. За тој дуплекс платил 3 милиони евра, како што пренесуваат медиумите.

Семејството на најпознатиот српски тенисер веќе извесно време гради скапа вила во Срем, на брегот на езерото Павлова. Според некои проценки, овој имот ќе го чини околу 3.500.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Исто толку вреди и неговиот дом во Монте Карло, кој се наоѓа на една од најпрестижните локации. Новак и неговото семејство поминуваат најголем дел од времето таму, а во нивното соседство се Луис Хамилтон и Каролина Вознијацки.

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....