3.8 C
Скопје
22:54 - 11 март, 2026

Оскар 2025: Филмот „Анора“ е големиот победник на вечерта

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97. доделување на Оскарите. Филмот „Анора“ во режија на Шон Бејкер беше голем победник на 97. доделување на Оскарите, освои 5 Оскари.

Режисерот Шон Бејкер доби четири златни статуетки, и тоа за филм, режија, сценарио и монтажа, што е апсолутен рекорд за еден човек да победи за ист филм. Тој се изедначи со Волт Дизни за најмногу освоени Оскари во една вечер.. Мајки Медисон доби Оскар за најдобра женска улога за нејзината главна улога во овој филм.

Филмот „Бруталистот“ ја заврши вечерта со три Оскари, меѓу кои и за најдобар актер – Адријан Броди. Актерот го доби својот втор Оскар за најдобар актер, а на сцената проговори за „кревката професија“ на глумата и новата перспектива што ја стекнал по враќањето на сцената. Другите две престижни награди за филмот „Бруталист“ беа во категориите за кинематографија и оригинална музика, компонирана од британскиот композитор Даниел Блумберг.

Филмот со најмногу номинации „Емилија Перез“, кој имаше дури 13 номинации, соборувајќи го рекордот за филмови од неанглиско говорно подрачје освои само две награди и тоа во категориите за оригинална песна и за најдобра актерка во споредна женска улога – Зои Салдана.

Филмот „Злобница“ исто така освои само два Оскари и тоа во категориите за најдобра сценографија и костимографија.

Актерот Киеран Калкин доби Оскар за најдобар актер во споредна машка улога за улогата на американски турист во филмот „Вистинска болка“.

Можеби најголемото изненадување беше филмот „Комплетно непознато“ кој и покрај осумте номинации не освои ниту една награда.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....