13:20 - 5 декември, 2025

Доаѓа помрачувањето на Сонцето и носи невидени космички промени: Најголемо влијание ќе има на овој знак!

На 30 април 2022 година пристигнува новата Месечина во знакот на Бик и затемнување на Сонцето, за прв пат оваа година. Планетата Уран е многу активна и носи ненадејни настани кои служат како еден вид повик за будење. Сега е вистинското време да се придвижиме напред на скалата на духовната еволуција…

Иако ова е само делумно затемнување на Сонцето, тоа е многу моќно и ни отвора неверојатни нови можности. Доколку долго време размислувате за нешто или планирате да започнете нов деловен потфат, сега е вистинското време да почнете да го реализирате.

Затемнувањата имаат тенденција да донесат судбински настани кои ни помагаат да стигнеме до следното поглавје од нашата духовна еволуција.

Овие астро феномени можат да не изненадат, но запомнете дека тие секогаш нè ставаат таму каде што треба да бидеме, дури и ако тоа не изгледа така. Овој период само ги забрзува работите кои неминовно ќе се случат.

Планетата Уран, која е доминантна во овој период, е многу активна. Уран е познат по тоа што носи изненадувања и настани кои се чини дека излегуваат од ведро небо. Неговата енергија ветува некаква радикална промена од една во друга состојба.

Уран понекогаш може да биде малку шокантен со начинот на кој функционира, но неговата цел е да ги промени животите на подобро. Сака да не ослободи од се што не кочи за да продолжиме да одиме на врвот.

Јупитер и Венера исто така ќе бидат во совршена хармонија за време на затемнувањето на Сонцето, а тоа ќе влијае и на нашите финансии. Добро време е да започнете нов бизнис, да се унапредите или да побарате покачување ако мислите дека го заслужувате тоа.

Освен тоа, хармонијата на Јупитер и Венера ќе влијае на нашите емоции, па во наредниот период ќе се чувствуваме посмирени и помирни.

Фокусирајте ја целата своја енергија кон постигнување успех и постигнување на она за што долго сонувавте. Овој астро период ќе ви помогне полесно да го достигнете врвот или во крајна анализа ќе ви покаже дали одлуката што сте ја донеле е добра за вас.

Ова затемнување на Сонцето позитивно ќе влијае на сите нас, но бидејќи се совпаѓа со младата Месечина во знакот Бик, најголемо влијание ќе почувствуваат родените во тој знак.

Слични објави

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо
Се вчитува....