01:24 - 31 јануари, 2026

Диетата на Никол Кидман е поддржана и од нутриционисти: ОД НИШТО НЕ СЕ ОДРЕКУВА!

никол кидман

Актерката Никол Кидман е позната по својата совршена фигура откако одамна блеска на холивудското актерско небо.

Убавата актерка никогаш не криела дека многу се грижи за својот изглед и здравје, а ако се прашувавте која е нејзината тајна и како успева да биде толку витка сите овие децении, одговорот конечно стигна, пишува Story.hr.

Австралиската актерка практикува посебна диета, попозната како диета 80:20. Тоа значи дека 80 проценти од времето јадете здрава храна, а останатите 20 се релаксирате и уживате во омилените слатки, грицки и тесто.

„Воопшто не сум строга за диетата. Јадам сè, но умерено“, открила актерката во интервју за Лос Анџелес Тајмс.

„Се трудам 80 отсто од храната што ја јадам да биде здрава… понекогаш се намалува до 70 отсто. Но, мислам дека најважно е да го пронајдете она што ви одговара, а јас сум навистина полна со енергија“, додаде таа.

Како функционира?

Ако, на пример, јадете три здрави оброци дневно, тогаш три нездрави се вашите 20 проценти за таа недела или ако јадете пет мали оброци дневно, тогаш можете да јадете седум мали задоволства неделно. За уште подобри резултати, „заштедете“ калории една недела и држете се до планот, а потоа „одморете“ за викенд. Можете да го примените истото правило и за вежбање.

Нутриционистите ја поддржуваат оваа диета бидејќи не значи елиминирање на која било група на храна, ниту опсесивно броење калории. Дополнително, советуваат оброците да се планираат однапред за да се има подобра контрола врз храната што се внесува.

Кои, освен Кидман, ѕвезди се ЗА диетата на задоволствата 80-20?

Признати нутриционисти и тренери сметаат дека ваквиот начин на исхрана дава позитивни резултати, па затоа ги препорачуваат на своите клиенти, познатите ѕвезди. Кидман е само една од бројните ѕвезди кои со задоволство се придржуваат на оваа диета и ја препорачуваат на сите.

Џесика Алба

Личниот тренер на Џесика Алба, Џејми Ли (Jamie Lee), и го препорачала овој режим на исхрана поради одржување на здрава и витка линија. Причина за тоа е што Џесика имала проблеми со исхраната во младоста, но и по породувањето. Таа вели дека никој не може да биде 100 % на принцип на здрава исхрана и дека луѓето едноставно прават грешки, но затоа можат да бидат на 80 % од времето на тој принцип. Џејми препорачува исхрана со помали, но чести оброци во текот на денот за да ги поднесете полесно оние 80 %.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)

Миранда Кер

Оваа супермоделка е најголем заговарач на принципот 80:20. Миранда Кер вели дека овој принцип на исхрана ѝ помогнал да развие здрав однос кон храната. Таа ужива во храната и не чувствува вина доколку јаде нешто од „црната листа“, бидејќи сето тоа е дел од планот! Сепак, Миранда истакнува дека истрајноста и умереноста се клучеви на успехот, без која ниедна диета не би успеала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miranda (@mirandakerr)

 

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....