2.8 C
Скопје
23:10 - 11 март, 2026

Џенифер Лопез раскажа за комплицираниот однос со мајка ѝ: Постојано се каравме, таа нè кршеше од ќотек

Познатата пејачка и актерка, Џенифер Лопез, во својот документарен филм „Halftime“ раскажа се за комплицираниот однос со нејзината мајка Гвадалупе Лупе Лопез. Во штотуку објавениот филм, Џеј Ло наведува дека нејзината мајка „ја убивала од ќотек“ се додека не побегнала од дома.

-Имав комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Го правеше тоа што требаше, и поради тоа е силна, но поради тоа е и груба. Не тепаше, не убиваше со ќотек – раскажа Лопез која има уште две сестри.

– Не бев совршена мајка, но можам само да кажам дека сè правев имајќи ги на ум нивните најдобри интереси. Сакав да одгледам три девојчиња кои нема да зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека можат подобро. Но, Џенифер беше најлоша, искрено, најтешко ми беше со неа – рече Лупе.

Таа останува на ставот дека ги тепала своите ќерки за да им влезе во главите дека никогаш не смеат да зависат од мажи.

Пејачката раскажала и како на 18 години побегнала од дома бидејќи повеќе не можела да трпи таков однос. Љубовта кон танцот ја одвлекла младата Џенифер од училиште, а нејзината мајка не сакала да го трпи тоа.

– Таа ми рече, ако живееш под мојот покрив, ќе мора да завршиш училиште. Една вечер имавме лоша кавга и морав да замина – рече Лопез.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....