7.8 C
Скопје
22:02 - 30 март, 2026

Џенифер Лопез открива: „Како девојче мајка ми ме „кршеше“ од ќотек“; Гвадалупе: „Џенифер правеше да страдам најмногу од сè!“

Во документарниот филм на Нетфликс, Halftime, ѕвездата раскажува за некогашната бурна врска со мајка ѝ Гвадалупе „Лупе“ Родригез. Како имигрант од Порторико, жената ја одгледала Џеј Ло и нејзините сестри, заедно со нејзиниот сопруг Дејвид, во Бронкс. А Џенифер „ја натерала да страда најмногу од се“.

„постојано ми повторуваше: ако сакаш да живееш во оваа куќа, треба да учиш. Една вечер, по уште една кавга, заминав од дома“.

Во документарниот филм Halftime, сега достапен на Нетфликс, Џенифер Лопез (52) зборува за подемите и падовите на нејзината кариера, но и за нејзината покревка и приватна страна. Тоа ја вклучува некогаш бурната врска со нејзината мајка, Гвадалупе „Лупе“ Родригез.

Седумдесет и шестгодишната имигрантка од Порторико ги одгледа Џенифер и нејзините две сестри Лесли и Линда во Бронкс заедно со нејзиниот сопруг Дејвид, од кој се разведе кога нејзините ќерки веќе пораснаа:

„Таа го направи она што беше неопходно за да преживее и тоа ја направи силна, но и цврста“, вели Џенифер во документарецот објаснувајќи дека мајка им ги тепала.

Дури и г-ѓа Гвадалупе, прикажана во филмот, признава дека била прилично тешка мајка: „Џенифер ме натера да страдам најмногу од се“, вели таа. „Многу се каравме. Не бев совршена мајка, далеку од тоа, но можам да кажам дека отсекогаш сум ги имала само нивните интереси во срцето“.

Џеј Ло веќе како млада девојка сонувала за иднината во светот на забавата и земала часови по танц, но Гвадалупе сакала таа да се сконцентрира на книгите. Затоа тдвете  постојано се карале: „Секогаш барав ќерките да се школуваат, бидејќи не сакав да зависат од мажи“, објаснила Гвадалупе.

„Мајка ми“, додаде поп-ѕвездата, „постојано ми повторуваше: ако сакаш да живееш во оваа куќа, треба да учиш. Една вечер, по уште една кавга, заминав од дома“. Во тоа време, идната планетарна ѕвезда имала 18 години.

Во документарецот Џеј Ло ја опишува мајката како „комплицирана личност“. Но, денес нивните односи дефинитивно се подобрија. Двете жени се толку поврзани што минатата година настапија заедно, фатени за рака, на сцената на Global Citizen Vax Live.

Во документарецот Џеј Ло ја опишува мајката како „комплицирана личност“.

Според американскиот печат, г-ѓа Родригез е среќна поради врската на Џенифер и Бен Афлек: „Гвадалупе го сака Бен и навистина е среќна што тој се врати во животот на Џенифер“, изјави извор за Пипл. „Во минатото, Бен и неговата свекрва беа многу блиски. Кога приказната со Џенифер завршила, Гвадалупе била многу вознемирена. Сега, кога тие се повторно заедно, таа е среќна“.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....