16.8 C
Скопје
16:15 - 10 март, 2026

Дарко Лазиќ ја откри вистината за сообраќајката: “Да, бев лут, но не на мојата сопруга”

Пејачот Дарко Лазиќ денес го прославува првиот роденден на својата ќерка Срна, која ја има од вториот брак со сопругата Катарина Лазиќ. Иако поводот е радосен, тој се осврна и на сообраќајната несреќа што неодамна ја доживеа и на реакциите што следеа по неа.

„Секој што кажа нешто после сообраќајката, го направи тоа за мое добро. Никој не ме плукаше, сите ме критикуваа со намера да ми помогнат. Со колегите имам добар однос, па не го сфатив тоа негативно. Имаше некои што паметуваа, но не се лутам,“ изјави Дарко.

Најмногу го погодиле, како што рече, гласините дека непосредно пред несреќата се скарале со Катарина.

„Точно е дека бев нервозен, но не поради Мпојата сопруга. Се работеше за други работи, кои сега не се важни. Сметам дека нема сила на светот што може да ја уништи љубовта меѓу мене и Катарина. Ако се скараме тоа се случува дома, не на улица“, истакна пејачот.

И покрај турбуленциите, Лазиќ и сопругата решиле да ја одбележат првата годишнина на нивната ќерка. Роденденската прослава се одржа во интимна атмосфера со најблиските.

„Не повикавме многу луѓе, сè беше организирано набрзина. Се мислевме дали воопшто да правиме прослава, но одлучивме да го одбележиме денот. Најважна ми е мојата фамилија тоа е мојата светост. Ако некој се налути што не бил поканет, нека знае дека не беше намерно едноставно немав време поради сè што се случи“, рече Лазиќ.

Салата беше уредена во природни тонови, со детали инспирирани од животинчето срна симболично и лично поврзано со ќерката Срна. Наместо стандардни розеви украси, избрани беа зелени нијанси кои ѝ дадоа на просторијата свежина и елегантен изглед. Посебен акцент беа фигурите на срни, како и персонализираните посвети на секое место, кои никого не оставија рамнодушен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katarina Lazić (@katarinalazic_24)

Слични објави

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо
Се вчитува....