16.8 C
Скопје
16:43 - 16 март, 2026

Д-р Чолакова: Да ни дозволат наместо сестра, во амбулантите да вработуваме администратор

Фирмите на матичните лекари трпат огромни загуби кога сопственикот, матичен доктор е болен и оди на долготрајно боледување, алармира претседателката на здружението на матични лекари Лилија Чолакова Дервишова.

– Во моментов имаме двајца колеги кои имаат карцином и треба да се лекуваат долготрајно. Во тој случај не добивате веќе цела капитација туку 85 посто оди кај заменскиот доктор. Тој треба да ја плаќа сестрата и се друго, а во меѓувреме продолжуваат сите трошоци кои ги има една фирма. Дали во јавно здравство кога некој од болница оди на боледување и го кратат буџетот на болницата-НЕ, значи не сме исто третирани. Имаме ситуации кога наши колеги одлучуваат да не одат на хемотерапија и со тоа го доведуваат животот во ризик, бидејќи фирмата ќе отиде во стечај, вели д-р. Чолакова.

Според критериумите на ФЗОМ, за карцином следуваат десет месеци боледување но ретко кој приватен матичен лекар отсуствувва толку долго поради неможноста финансиски да издржи.

Таа нагласува дека неопходно е да се направи нов анекс на договор со Фондот во кој ќе ги подредат сите работи што на матичните лекари им онезвозможуваат нормално функционирање.

– Тоа го бараат сите матични доктори. Мора да се направи нова методологија за бодот и да се поместува секоја година…Мора влез на пациент во ординација дури и за рецепт да се партиципира, на пример во Италија се плаќа две евра по испечатен рецепт. Исто така мора да се дозволи да имаме во тимот место медицинска сестра, администратор бидејќи медицинските сестри многу малку или речиси воопшто не вршат медицински услуги. Тоа значи дека неопходни се големи измени за што веќе сме во преговори со Фондот, но не можам да бидам сигурна дека ќе дадат резултат, додава д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Преземено од СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Слични објави

Тејана Тејлор во центар на скандал на Оскарите: Камерите ја фатија како вика по маж во ходникот

apostolova

„Тоа беше нејзината одмазда“: Пејач останал сам во шума поради Лепа Брена, го оставиле таму по лет со хеликоптер

Еспресо

„Се тепаа во сепарето“: Што се случувало 24 часа пред убиството на Ксенија Пајчин?

Еспресо

Галантен партнер: Каспер ѝ купил шпорет и фрижидер на Мина Костиќ

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ објави емотивно видео со Драган: „Некои работи му припаѓаат на срцето и тишината“

Еспресо

Цел ден клекни-стани: Сузана Гавазова откри како ја одржува формата

msp-admin
Се вчитува....