2.8 C
Скопје
20:13 - 18 декември, 2024

ЦРНА ПРОГНОЗА НА ЕКСПЕРТ: Ковидов е долга „игра“, но ова не е најголемото

По „Ковид“, ќе дојде и полоша пандемија, ова се предвидувања на американскиот епидемиолог Мајкл.Т. Остерхолм. Новата пандемија би можела да биде слична на онаа од 1918 година, и би влијаела на луѓе на возраст од 18 до 30 години, предупредува експертот. Меѓу другото, тој предвидува и дека ковидот е „долга игра“ и дека уште ќе трае, а за следната пандемија- предупредува – треба подобро да се подготвиме.

Пророштво или црн хумор? Факт е дека професорот Остерхолм, во САД е познат како некој што носи лоши вести, односно како Bad News Mike, но тој е познат и по својата далековидност. И иако етикетата „Касандра“ веќе одамна му е залепена,  вистина е дека ретко утнува во предвидувањата.

Кога еден вирус конечно ќе умре, ќе има друг вирус? Според докторот, да.

„Не можам со сигурност да кажам дека следната пандемија ќе биде посериозна од оваа, но, секако, порано или подоцна ќе пристигне полоша. На пример, ако биде слична на онаа од 1918 година, таа би влијаела на луѓето помеѓу 18 и 30 години. Навистина се надевам дека следната пандемија нема да не фати изненадени, но ни треба многу повисоко ниво на подготвеност: за следниот вирус треба однапред да знаеме какви вакцини ни се потребни и како брзо да произведеме подобри. Истото важи и за синџирот на снабдување: ќе треба да дистрибуираме лекови и заштитна опрема многу поефикасно отколку што направивме со оваа пандемија. Тоа би значело дека научивме многу од оваа пандемија. Сето тоа што го доживуваме денес мора да биде запамтено за да ни биде корисно во иднина. Кога ќе заврши се ова, мора да бидеме сигурни дека нешто сме научиле Ја научив лекцијата, за да бидам поподготвен во иднина“, објаснува епидемиологот.

Мајкл.Т. Остерхолм, фото јутјуб

Инаку, Мајкл Остерхолм предупреди на глобална пандемија пред повеќе од една деценија.

„Ова не е пандемија само на вирус , објаснува тој. Ова е пандемија на болка и страдање што има врска со изгубени работни места и изгубени лица…Ова не е само патување за јавното здравство, туку е навистина лично патување за сите нас “.

Остерхолм е познат како играч на долги патеки. Таков пристап поддржува и во личниот живот. Три пати се обидел да го преплива каналот Ла Манш, а еднаш се приближил до својата цел. Затоа тој вели дека станува збор – и во случајот на пандемијата – за долга игра. И тој сака да не увери да ја разбереме долгата игра со заразните болести, која, како што вели, не е ни близу крајот.

„Ова не е најголемото“, рече тој за сегашната ситуација. „Ако пристигне друга пандемија на грип слична на онаа од 1918 година, таа би можело да биде многу потешка од оваа“.

Во еден неодамнешен подкаст Остерхолм соопшти дека, според досегашните анализи, луѓето кои примиле две дози од вакцините Фајзер или Модерна се справуваат многу добро против варијантата Делта.

„Оваа конкретна варијанта, Делта, е еден од најинфективните респираторни вируси што некој од нас некогаш ги видел. Сега е 40% до 60% повеќе заразна од оригиналниот сој Алфа што се појави минатиот март и април. И тоа значи дека во овој момент, пандемијата се развива во насока во која никој од нас не помислуваше на почетокот на пандемијата“, објаснува докторот и додава:

„Кога од самиот почеток ви кажавме дека вакцините би можеле да бидат од 90% до 95% ефикасни, тоа значеше дека, се разбира, ќе има мал процент на луѓе кои, откако ќе се вакцинираат, а потоа ќе бидат изложени на вирусот, би можеле да се инфицираат и потенцијално дури и да се разболат. Сега, добрата вест е дека за повеќето од нив (од вакцинираните), Делта вурусот е лесна болест и не е значаен предизвик. Така, вакцината се уште ја намалува сериозноста на болеста, без разлика дали треба да бидете хоспитализирани, или не. Ако погледнете што се случува со хоспитализациите сега, 97% од случаите во оваа земја (САД) кај пациенти со Ковид во моментов се меѓу невакцинираните. 99% од смртните случаи се случуваат кај невакцинирани пациенти. Значи, ако некогаш постоела убедлива причина, сега е вистинското време за вакцинирање. Ако не за себе, тогаш за вашите најблиски, за луѓето на кои би можеле да го пренесете вирусот“, завршува тој.

Слични објави

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо
Се вчитува....