11.8 C
Скопје
16:59 - 20 февруари, 2026

„Целиот живот ми помина низ глава, не се плашев“: Калина Ковачевиќ ја опишува клиничката смрт и нејзината борба за живот

Пред неколку години убавата глумица Калина Ковачевиќ водеше битка за своето здравје.

Борбата за живот на познатата актерка се случи пред 12 години кога таа добила сепса три дена по раѓањето на нејзината ќерка:

-Три дена откако ја родив Миона добив сепса, ми се инфицираше матката, шест недели бев во болница. Бебето беше со мене, но во бокс, бидејќи не можев да го дојам, затоа што бев на тешки антибиотици. Тоа е многу стресен период во мојот живот. Кога имав клиничка смрт какополедица на реакција на некој лек, цел живот само ми поминуваше низ слики во главата и не се плашев. Размислував што ќе се случи со моето дете и после тоа не се сеќавам на ништо. Се плашев само кој ќе ја оформи ќерка ми како жена и личност – рече актерката во емисијата „Балканском улицом“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam.rs (@24sedam.rs)

Откако се разбудила од кома, морала повторно да учи да оди зашто ги изгубила виталните функции:

– Многу жени ме прашуваат како имав храброст да имам втора бременост. По првата учев да одам, затоа што прво морав да лежам за одржување на бременоста пет месеци, а потоа бев во болница уште два месеци додека се борев со сепсата, која го исцрпува целото тело. Откако одлежев седум месеци во кревет, ми се појави вода во колкот, а раната се инфицираше и не можеше да зарасне, едноставно не можев да ги поврзам, лаички кажано, нозете и рацете за да ги движам. Одев на вежби. Се сеќавам на аплаузот кога првпат успеав сама да посегнам по шише вода. Знам што значи да се биде немоќен и затоа го ценам тоа што го имам денес – вели Калина и нагласи дека не сака другите да ја доживуваат како слаба личност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kurir.rs (@kurir.rs)

Денес, 12 години по нејзината болест, Калина е исклучително силна жена, која со сите сили се бори да биде прекрасна мајка на своите ќерки Миона и Аника.

 

Слични објави

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо
Се вчитува....