5.8 C
Скопје
22:12 - 16 март, 2026

Брзо ја преболе: Бившиот на бремената Едита Арадиновиќ веќе си најде нова девојкa

Поранешниот партнер на Едита Арадиновиќ, Ненад Стевиќ, со кого пејачката очекува дете, беше виден во друштво на нова девојка. Бремената пејачка ги потврди гласините дека таа и Ненад повеќе не се заедно.

Едита нагласи дека детето сега им е приоритет, како и дека Стевиќ е добар човек и ќе биде добар татко. Иако со денови се шпекулираше за нивното раскинување, дополнително внимание привлече информацијата дека Стевиќ е виден во друштво на нова девојка само неколку дена по раскинувањето, што покрена многу прашања за природата и времето на нивното раскинување, пишува српски „Курир“.

Според добро информиран извор, сегашната избраничка на Ненад наводно е од Нови Сад. Како што претходно објавија извори блиски до двојката, одлуката за раскинување меѓу Стевиќ и Арадиновиќ не е донесена импулсивно, туку по долг период на дискусија и размислување. Едита и Ненад сфатија дека нивните животни патишта и ставови се раздвојуваат и дека е најдобро двајцата да продолжат по својот пат, со меѓусебно почитување и коректен однос, пред сè заради детето што го очекуваат.

Според информациите, Стевиќ прв ја споделил веста за раскинувањето со своите најблиски пријатели, додека бил на патување во Тајланд, каде што не ја повел пејачката. Изворите наведуваат дека во тој момент изгледал олеснет и дека разделбата ја прифатил како конечна одлука. Сепак, информацијата дека се појавил во друштво на новата девојка по враќањето од патувањето ги изненадила дури и неговите блиски пријатели, според соговорниците на Курир.

Од друга страна, според нејзините блиски соработници, Едита е целосно фокусирана на бременоста, своето здравје и личниот мир. Пејачката наводно одлучила мирно да влезе во овој период од својот живот, без дополнителен стрес и медиумска врева, и да ги држи приватните работи подалеку од очите на јавноста.

– Сè што е убаво е краткотрајно. Љубовта и страста беа силни, но не доволно за да останат заедно. Честите несогласувања доведоа до тоа дека е најдобро и за двајцата да се разделат. Ненад им кажал на пријателите дека раскинал со Едита и дека сака да продолжи понатаму, додека таа е целосно посветена на бременоста и бебето што го очекува – рекол извор близок до поранешната двојка.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....