5.8 C
Скопје
02:55 - 1 април, 2026

Бројот на загинати во судирот на возови во Грција се искачи на 57: Шефот на станицата без искуство, претходно бил вработен во Министерството за образование

Од час во час се зголемува бројот на жртви по страшниот судар на два воза во Грција. Според последните информации, најмалку 57 лица загинале, а 56 се сметаат за исчезнати.

Во оваа земја се посочуваат недостатоците и застареноста на железничката мрежа, а проблеми во неколку наврати пред несреќата укажуваа и синдикатите.

По несреќата, експертите и медиумите го критикуваа недостатокот на електронски системи и недостигот на персонал, додека шефот на станицата, осомничен за несреќата, пред судот призна дека направил грешка. Медиумите посочуваат дека му недостигало искуство со оглед на тоа што на таа функција е поставен пред 40 дена, а претходно бил вработен во Министерството за образование.

Грчката влада призна сериозни проблеми во железничкиот сектор и дека доцни со модернизирање на железницата, поради што граѓаните избираат други транспортни средства.

Грчките медиуми јавуваат дека пред несреќата Европската комисија ја пријавила Грција до Европскиот суд на правдата за неисполнување на обврските од директивата за железничка инфраструктура.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....