7.8 C
Скопје
23:26 - 30 март, 2026

Бритни Спирс по 14 години се смири со мајка си: „Помина толку време“

Пејачката Бритни Спирс со години има лоши односи со семејството, а многу контроверзни детали се појавија во текот на нејзината борба да го прекине 13-годишното старателство на нејзиниот татко.

Бритни имаше неколку јавни пресметки со својата сестра, додека долго време не комуницираше и со мајка си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Сепак, една од најавите на пејачката сведочи дека работите тргнале на подобро.

Бритни сподели фотографија од своето детство и откри дека конечно се смирила со мајка си.

– После три години, мајка ми вчера ми се појави на врата. Помина толку време. Кога станува збор за семејството, секогаш гледате да ги измазните врските доколку се искомплицираат. Времето ги лекува сите рани. Откако добив можност да и кажам сè што долго време ми паѓаше на ум, се чувствувам благословена, бидејќи сега навистина можеме да поправиме се што беше скршено. Те сакам многу, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

– Благословена сум, бидејќи после 14 години можеме заедно да излеземе на кафе. Ајде да пазариме потоа, додала пејачката.

По прекинувањето на старателството што го имаше нејзиниот татко над неа, Спирс на Инстаграм објави дека татко и го започнал сето тоа, но вели многу луѓе не знаат дека сето тоа беше идеја на мајка ми.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....