14:58 - 5 април, 2026

Бритни Спирс ја ангажираше адвокатката на Џони Деп за развод: Ќе биде „непријатна битка во судница“

Пејачката Бритни Спирс ја ангажираше ѕвездата адвокатка Лаура Васер за разводот од Сем Асгари.

Американската пејачка Бритни Спирс ја додаде ѕвездата- адвокатка за развод Лаура Васер во својот адвокатски тим, известува Пејџ сикс.

Инсајдер близок до парот потврди за Пејџ сикс дека поп ѕвездата ангажирала адвокати поради раводот со фитнес инструкторот и актер Сем Асгари. Според него, процесот може да прерасне во „непријатна битка во судницата“.

„Сем се обидува да преговара за отстапки надвор од брачниот договор и се заканува дека ќе објави крајно засрамувачки информации за Бритни доколку не му биде платено“, изјави извор за Page Six.

Во средата, на 16 август, се дозна дека американската пејачка Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Сем Асгари се разведуваат. Пред околу една недела фитнес инструкторот се скарал со сопругата поради гласините дека таа го изневерувала, а кавгата преминала во вистинска тепачка, по која Сем морал да се отсели од заедничкиот дом и сега живее сам. Парот имаше „сериозни проблеми“ неколку месеци.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо

(Фото) „Добредојдовте дома“: Милица Тодоровиќ отиде во родниот Крушевац со синот Богдан пред Велигден

Еспресо
Се вчитува....