7.8 C
Скопје
07:16 - 2 април, 2026

Бора Ѓорѓевиќ лавовски се бори! Лекарите во Љубљана секојдневно се состануваат за неговата состојба

Фронтменот на „Рибља чорба“, легендарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ ја води битката со своето здравје и веќе неколку дена се наоѓа во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана.

Менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, изјави дека лекарите даваат сè од себе за да му биде подобро, а пејачот херојски се бори.

Како што сега се наведува, клиничкиот конзилиум во Клиничко-болничкиот центар во Љубљана секојдневно се состанува за да одлучува за понатамошните чекори што треба да се преземат за подобрување на здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ.

Според последните информации, состојбата на фронтменот на групата „Рибља чорба“ сè уште е сериозна и тој е интубиран поради компликациите предизвикани од хронично опструктивната болест на белите дробови.

Со соодветни терапии, лекарите даваат сè од себе за да ја подобрат здравствената состојба на Бора, особено бубрезите и црниот дроб.

Инаку, за неговата здравствена состојба проговори и сестрата на неговата сопруга Дубравка.

– Немам ништо ново да ви кажам. Сè е точно како што пренесувате. Тој е интубиран… Дубравка секој ден оди да го види кога е времето за посета. Многу ѝ е тешко. Лекарите ја пуштаат да остане малку подолго кај него. Инаку, посетите на интензивната нега се само половина час за најблиските, но нејзе ѝ дозволуваат да остане повеќе часови покрај него. Може да се влезе само во придружба, никого не пуштаат туку така до него – рекла сестрата на Дубравка, па додала:

– Засега сè уште ништо не се знае, чекаме, се надеваме дека ќе му биде подобро, сите сме оптимисти… Тоа е таква болест, секое белодробно крило може да ја влоши оваа основна болест. Имаше силно воспаление на белите дробови во последно време, многу кашлаше – заврши сестратата на Дубравка, Даша.

 

 

 

 

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....