21:44 - 5 април, 2026

Близок извор до Натали Портман ги коментира гласините за нејзиниот развод: „Мрази што неверството на Бенџамин ја прави да се чувствува немоќно“

Близок извор до 42-годишната американска актерка Натали Портман ги коментираше гласините за разводот на ѕвездата, пишува Дејли Мејл.

И покрај фактот дека на Интернет активно се шират информации за распадот на врската на ѕвездата и танчерот Бенџамин Милепид, упатените тврдат дека актерката сè уште не одлучила за судбината на нивната врска која трае повеќе од 11 години.

„Таа мрази што неверството на Бенџамин ја прави да се чувствува немоќно“, вели изворот. „Таа не знае дали може да се опорави со тоа што ќе остане со него или ќе го остави. Тоа е навистина борба”, додава изворот.

„Длабоко во себе, тие се навистина заљубени и се обидуваат да откријат што го испровоцирало јазот меѓу нив. Таа сака да остане со него, и тој навистина сака да биде со неа. Само времето ќе покаже во која насока ќе изберат да одат“, признава извор близок до ѕвездената двојка.

Познатите личности се венчаа во 2012 година и одгледаа две заеднички деца.

Да потсетиме, Натали Портман беше забележана без бурма неколку дена пред веста за разводот.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....