2.8 C
Скопје
20:00 - 20 декември, 2024

БЕТИ БУП: Жената која била инспирација за првата цртана секс бомба подоцна горко се покајала

Бети Буп е цртан лик, но според популарноста и препознатливоста, таа далеку ги надмина границите на тој медиум. Се наоѓа во стрипови, на маици, таа е дел од реклами, а нејзиниот „буп-ап-дуп“ е познат низ целиот свет.
Сепак, приказната за жената (или жените) кои послужиле како инспирација за создавањето на овој сензуален (и донекаде скандалозен) цртан лик е во голема мера непозната.

Бети Буп настанала во студиото „Флешер“, каде што дебитирала на 9 август 1930 година и многу брзо станала многу популарна во низата истоимени краткометражни цртани филмови на Paramount Pictures.

Нејзиниот творец, Макс Флешер, не криел дека како инспирација му послужиле неколку познати американски забавувачки во тоа време, од кои најимпресивен бил ликот на пејачката Хелен Кејн. Аниматорот на ликот, Грим Натвик, врз основа на песната „Буп-Буп-А-Дуп“ која ја изведувала Хелен Кејн, создал цртан лик на кој ќе му одговараат овие зборови, а таа фраза наскоро стана заштитен знак на целиот цртан серијал.

Судењето на Бети Буп

Хелен Кејн во времето на создавање на ликот работела за Paramount Pictures и иако ѕвезда во подем во текот на 20-тите години на минатиот век, таа веќе била при крајот на нејзината кариера и само една од низата актерки од тоа време кои како фраза користеле „буп-ап-дуп“.

Меѓутоа, работите се искомплицирале кога во 1932 година Хелен Кејн поднела тужба против Макс Флешер и студиото Paramount Pictures, барајќи отштета од 250.000 американски долари, тврдејќи дека изразот „буп-а-дуп“ е употребен од нејзината песна „ I wanna be loved by you “.

Судењето траело две години. Хелен тврдела дека изгледот на Бети Буп е намерна карикатура на нејзиниот изглед, со што е прекршен законот за човекови права, како и дека хероината од цртаниот филм претставува „нелојална конкуренција“ за неа.
Девојките кои ги позајмија гласовите на Бети Буп – Бони По и Марги Хајнс, сведочеа во корист на одбраната.

Многу сличности и по некоја разлика

Меѓутоа, ниту челниците на студиото не седеле со скрстени раце. Тие изнесле тврдења дека нивната Бети по облекување, шминката и „боб“ фризурата, личи на Хелен но и на многу други пејачки и актерки од тоа време. На пример, на Клара Боу, позната актерка од ерата на немите филмови.

Бидејќи Хелен останала на тоа дека не станува збор толку (непристојниот) изглед колку за препознатливиот глас и препознатливата фраза која ја изговарала Бети, судењето се претворило во натпревар чиј „буп-а-дуп“ повеќе наликува на оној што го изговора провокативната цртана хероина, а најголем проблем имале стенографите кои се обидувале се правилно да забележат.

Во еден момент, одбраната му се јавила на менаџерот Луис Болтон, кој сведочел дека Естер Џонс, афро-американска пејачка од „Cotton Club“ во Харлем, била таа која што ги вклучила „буп-ите“ во нејзините настапи и тоа многу пред Кејн.

Благодарение на снимката од овој клуб, докажано е дека изразот „bup-bup“ оваа црномуреста убавица го користела неколку години пред Хелен. Покрај тоа, иако Кејн никогаш не го признала тоа, постоела можност дека таа го зела од неа затоа што и самата често го посетувала ова место.

За жал, денес малку се знае за пејачката Естер Џонс. Снимките од нејзиниот глас што беа објавени на судењето се изгубени, а денес се смета дека таа починала уште пред да започне судењето.

Крај без вистински победник

По повеќегодишни судски спорови кои се претвориле во медиумски циркус, сето тоа завршило без вистински победник – Хелен Кејн продолжила да тврди дека таа е инспирација за Бети, Paramount Pictures никогаш не и платил никаков надомест, а провокативната хероина од цртаните филмови продолжи да го изведува својот, се полегендарен „буп-а-дуп“ во секој цртан филм во кој се појавувала.

Денес, Естер Џонс е заборавена. И славата на Хелен Кејн избледе и главно никој не се сеќава на неа. Само Бети Буп се уште живее на екраните. И, се разбира, секогаш го изговара познатото „буп-а-дуп“.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....