Анлела Сагра е 24-годишна колубиска фитнес манекенка. Сагра својата кариера почна да ја гради пред неколку години како дизајнерка и фитнес модел.
Во тоа време таа одржуваше вита линија без да тежнее кон тоа да изгради мускули, бидејќи фитнес индустријата бара слабеење.
Колумбијката подоцна почна да учествува и во натпревари во бодибилдинг, постигнувајќи значителни резултати.
По ова, таа оствари забележителни успеси во фитнес индустријата, односно стана заштитно лице на многу спортски дизајнерски марки.
Денеска таа на Инстаграм брои 11 милиони следбеници со кои секојдневно споделува совети за правилната исхрана и правилно вежбање.