2.8 C
Скопје
13:16 - 17 декември, 2025

Ана Николиќ по драмата со полицијата во Дубаи, била вратена во хотелот! Таа и Рале ја поминале ноќта во одделни соби, композиторот ја откри целата вистина

Српскиот композитор и продуцент Горан Ратковиќ Рале разјасни што навистина се случило во хотелот во Дубаи и откри дека конфликтот со персоналот започнал поради преместување во друга соба, дознава српски „Курир“.

Откако редакцијата на „Курир“ ексклузивно дошла до видеоснимка на која се гледа како персоналот од хотелот во Дубаи ја исфрла Ана Николиќ од собата вчера, успеале да стапат во контакт со Горан Ратковиќ Рале, кој реши да стави крај на сите шпекулации и да ја открие целата позадина на настанот што го запали регионот, а за кој, на крајот, морала и полицијата да реагира!

Како што дознале од изворот, двојката тргнала на патување по неколку одложувања поради разни работи. Тие требало да се вратат во Белград во средата. Меѓутоа, Ана и Рале решиле да останат уште еден ден и се јавиле во агенцијата за да го продолжат и да платат сè што треба. Тие само замолиле да останат во истата соба бидејќи имале многу работи и попрактично им било да останат таму каде што биле. Како што дознал „Курир“, агенцијата ги информирала дека не мора да ја менуваат собата, па Рале отишол само до рецепцијата за да го регулира плаќањето за собната услуга.

– Отидов на рецепција и платив за сè што беше потребно за собната услуга и сè беше во ред. Пред тоа, ние се скаравме и таа рече дека не може да го напушти хотелот бидејќи ја боли стомакот – потврдил Рале за „Курир“.

Меѓутоа, Ана не реагирала добро кога дознала дека сепак мора да се пресели во друга соба бидејќи таа веќе била резервирана однапред.

Рале, како што рекол извор близок до композиторот, се согласил да го смени катот и собата за да не го менуваат хотелот. Тој отишол кај Ана и ѝ го зел клучот и рекол дека мора да се преселат во друга соба, на што таа не се согласила и не сакала да слушне за тоа, и токму поради тоа настанал целиот инцидент. Додека се случувала драмата меѓу хотелскиот персонал и Ана Николиќ, Рале отишол во градината на хотелот покрај базенот за малку да се опушти. Во меѓувреме, како што ни кажа изворот, Ана направила сметка од 200 долари, за која Рале не знаел, бидејќи тоа било по одјавувањето.

– Не ја избркаа Ана од собата, туку ѝ ги зедоа работите за да ја преместат во друга соба – потврдил Ратковиќ за „Курир“.

Меѓутоа, како што веќе пишуваше „Курир“, Ана предизвикала таков проблем поради таа соба што луѓето повикале полиција. 10 луѓе од хотелот и обезбедувањето дошле кај Рале за да му кажат дека полицијата го бара затоа што неговата сопруга прави хаос во лобито и дека мора да оди во полиција. Композиторот разговарал со нив и успеал да ги убеди да не го напуштаат хотелот, уверувајќи ги дека сè ќе биде во ред. Иако хотелскиот персонал инсистирал да го напуштат хотелот затоа што го нарушуваат мирот на другите гости, брачната двојка останала уште една ноќ, но во одделни соби.

– Ѝ се заблагодарив на полицијата и тоа на крајот така заврши. Таа остана сама во собата, а јас отидов во друга соба – потврдил Ратковиќ за „Курир“.

 

Слични објави

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin

(Фото) Едвај ги задржа градите: Едита Арадиновиќ провокативно позираше во бунда и крзнен костим за капење

Еспресо

(Видео) Колкаво срце имал Андреј од „ДНК“, раскажа неговата сопруга Наталија

Еспресо

Љубовта на Неда Украден кон угледниот лекар веќе не е тајна: Наеднаш сè „пукнало, па судбината повторно ги спои!

К.С.

„Швалерајот“ ги раздели моите, со татко ми бев скарана и по две години го видов мртов: Исповед на Ивана Кнез

Еспресо

Јована Јеремиќ откри колку пари заработува за само еден час: „Плаќам жена да ми исчисти, не сакам да си го губам времето“

Еспресо
Се вчитува....