5.8 C
Скопје
04:49 - 1 април, 2026

Ана Николиќ напишала тестамент: Мислев дека ќе умрам, ми ставаа некои треви, кактуси…

Српската пејачка Ана Николиќ извесен период имала проблем со алкохолот, кој одлучила да го реши во една клиника во Австрија, каде, како што рекла, морала да напише тестамент кога ѝ било лошо, пишува српски „Курир“.

– Таму ништо не јадеш, ти даваат некои салати. Многу е скапо, одат само богати. Имунитетот ми падна многу по коронавирусот и требаше да го исчистам организмот. Тие чистат сè, панкреас, желудник, жлезди, сè живо и воопшто не е пријатно. Ми ставија некакви билки, кактуси, мислев дека умирам последниот пат кога бев таму, си напишав тестамент, бидејќи ми беше лошо – низ смеа рекла Ана во емисијата „Премиер – викенд специјал.

– Мене тоа своевремено ми го предложи Емина Јаховиќ, која беше таму пред неколку години. Има нешто овде и во Белград, каде што не е толку скапо. Не е лесно никој да се подготви и да се одлучи за салати, сокчиња и глупости, тоа е сериозен режим. Секој човек треба да направи такво нешто за себе.

Ана Николиќ одлучила да издвои речиси 50.000 евра за детоксикација на телото две недели во една од најпознатите клиники во Австрија.

– Ана е перфекционист и конформист. Сака да си угодува себеси и сака да ѝ биде убаво. Кога ги погледнала фотографиите од клиниката, сфатила дека таму може да биде и еден месец, а не само две недели. Луксузно опремената вила на езерото била доволна причина Николиќ да закаже престој. Со оглед на тоа што само еден ден ја чини околу 3.100 евра, за две недели ќе потроши близу 50.000 – рекол изворот за српски „Ало!“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....