По бурниот ден исполнет со караници и инциденти, пејачката Ана Николиќ и нејзиниот партнер, композиторот Горан Ратковиќ Рале, рано утринава повторно се сретнале и решиле да ги надминат сите недоразбирања.
Според извор на српскиот „Курир“, двајцата ја поминале ноќта во одделни соби, а наутро се сретнале во лобито на хотелот каде што биле сместени претходните денови. Тогаш разговарале за сè што се случило претходниот ден, сфатиле дека и двајцата направиле грешки и решиле да ги остават зад себе — по што следело помирување.
Како што било и претходно планирано, на крајот одлучиле заедно да се вратат во Белград.
Како започна драмата во Дубаи
Она што се случи меѓу Ана и Рале во последните два дена, според медиумите, би можело да послужи како сценарио за најбурната шпанска серија.
Прво, дошло до расправија во раните утрински часови, кога пејачката направила хаос откако сфатила дека Рале не е во собата кога се разбудила. На масата ги затекнала само своите лични работи и пасош, па помислила дека тој ѝ ги зел парите и заминал за Белград.
Се скарале претходно затоа што Ана одбила да ја напушти собата, иако им истекла резервацијата. Во момент на бес, таа повикала полиција и го пријавила Ратковиќ, за да го симнат од летот за Белград. Во тоа време, Рале бил сè уште во хотелот — на базенот, каде што ја чекал.
Инцидентот во хотелот
Околу пладне, вработените од рецепцијата почнале да ѝ се јавуваат, а потоа и дошле пред вратата барајќи да ја ослободи собата. Таа одбила и им кажала дека „сè е платено“.
Подоцна дошле двајца обезбедувачи, кои почнале насилно да ги изнесуваат нејзините работи. Пејачката го снимала целиот настан со телефон.
– Можете ли повторно да ми го кажете тоа? – прашала Ана.
– Ако одбиете да платите, ќе ви ги земеме торбите. Ова е нелегално – одговорил вработениот.
– Одбивам да платам. Не сакам да платам. Го снимам ова за моето момче. Дали оваа соба е платена? – прашала таа.
– Ќе ја повикаме полицијата – рекол вработениот.
– Вау, баш се уплашив! Ќе ја повикам јас полицијата! – одговорила Ана.
Во тој момент почнала да вика:
– А ти ќе можеш од Египет да се вратиш! Ќе се вратиш во Египет многу брзо, верувај ми! Ова не е полициска станица! Јас ја чекам полицијата! Не ја напуштам собата! – викала вознемирената пејачка.
Обвинувања и контраизјави
Подоцна, Ана дала изјава за медиумите во која остро го нападнала својот партнер:
„Господинот Рале е едно смрдливо ѓубре што дозволи од хотелот да ме избркаат како ѓубре! Ако ми се приближи, ќе добие забрана за приоѓање засекогаш! Сега ќе го пријавам за силување и ќе остане во затвор во подрумите на Дубаи доживотно!“ – изјавила таа во средата околу 19 часот.
Еден час подоцна, реагирал и Ратковиќ Рале, кој ја изнел својата страна на приказната:
„Сè платив целото патување ме чинеше повеќе од 30.000 евра. Ако има пари на сметкА, нека покаже една уплата од 500 евра. Ќе ја тужам, а нека дојде како сведок,“ изјавил тој.
Тој додал дека од нејзиниот сметковен број биле платени само авионските карти во бизнис класа, кои тој ги надоместил поради одложување на летовите.
„Откако се скараа, таа рече дека не може да излезе од хотелот затоа што ја боли стомакот. Јас отидов до рецепција и платив сè , и сè беше во ред,“ рекол Ратковиќ.
Интервенција на полицијата
Според сознанија на „Курир“, Ана направила толку голем инцидент што полицијата била повикана во хотелот. На Рале му пријдоа десетина лица од обезбедувањето и персоналот за да му кажат дека го бара полицијата, бидејќи неговата партнерка прави хаос во лобито.
Ратковиќ разговарал со нив и успеал да ги убеди дека ситуацијата ќе се смири, по што двојката останала уште една ноќ — но во одделни соби.
„Им се заблагодарив на полицајците и така заврши. Таа остана во својата соба, а јас заминав во друга,“ потврдил Ратковиќ за медиумите.
Драмата во Дубаи, иако завршила со помирување, остави бројни реакции во јавноста и повторно го стави фокусот на бурната врска на Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале.
