3.8 C
Скопје
21:22 - 20 декември, 2024

АЛЕН ДЕЛОН подготвен за евтаназија, ЕНТОНИ: „Дојде време да си простиме, јас му простувам, и тој мора да си прости себеси!“

На 25 март, официјалниот профил на Ален Делон на Инстаграм објави пост- подоцна отстранет – кој беше прочитан од фановите како проштална порака:

„Би сакал да им се заблагодарам на сите кои ме следеа низ годините и ми дадоа голема поддршка. Се надевам дека идните актери ќе можат во мене да најдат пример не само на полето на работата, туку и во секојдневието меѓу победите и поразите. Благодарам, Ален Делон“.

Неодамна, синот на Ален, Ентони, во интервју за француското радио RTL ја потврди намерата на неговиот татко да прибегне кон евтаназија и рече дека му ветил дека ќе го придружува до крај, по неговата последна желба.

„Да, точно е, ме праша (за евтаназија)“, призна Ентони во интервјуто објавено по повод промоцијата на неговата книга „Between the Dog and the Wolf“. Ентони исто така рече дека Ален побарал од него да ја изврши процедурата за евтаназија, но тој одбил. Сепак, тој му ветил дека ќе го поддржи.

Кога Ален Делон ќе одлучи, неговата ќерка Анушка ќе ја изврши постапката. Ентони исто така рече дека веќе ги комплетирал сите документи потребни за потпомогнато самоубиство.

Смртта на Натали

Иконата на светската кинематографија, Ален Делон (86) живее во Швајцарија, каде потпомогнатото самоубиство е законски призната практика.

Во 2019 година актерот доживеа мозочен удар и оттогаш неколку пати навести за можноста да го заврши животот, особено откако ја виде трагичната судбина на неговата поранешна сопруга Натали Делон, која ги изрази истите намери и почина во јануари 2021 година од рак на панкреас. Според магазинот Le Point, Ален бил многу импресиониран од начинот на кој неговиот син Ентони се грижел за неговата мајка Натали.

„Вистина е дека ја придружував мајка ми. Вистина е дека реши да умре достоинствено како што живееше. Таа избра евтаназија“, рече Ентони во интервјуто за радиото и додаде дека сепак, неговата мајка починала пред да стигне до евтаназија: „За среќа, не прибегнавме кон таа процедура. Велам за среќа затоа што се беше подготвено“, објасни.

Биографија на Ентони

Семејните односи на Делон никогаш не биле лесни, вели Ентони во својата автобиографија „„Between the Dog and the Wolf““, каде исто така открива дека татко му некогаш го претепал со ремен. Сепак, во интервју за ça vous, тој рече: „Не постои совршено семејство. Нашето име е Делон, тоа е шлаг на тортата. Но, оваа книга е крик на љубов и подарок за татко ми: дојде време да си простиме, јас му простувам. И тој мора да си прости себеси “.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....