5.8 C
Скопје
00:00 - 17 март, 2026

Александра Пријовиќ се враќа на сцената порано од очекуваното: Откриена првата дестинација

Бидејќи неодамна го роди своето второ дете, многумина очекуваа дека Александра Пријовиќ ќе се врати на сцената дури следното лето. Сепак, популарната пејачка реши да ги изненади сите и го закажа својот прв настап по паузата веќе за 29 декември оваа година, во Црна Гора, најавија денес регионалните медиуми.

Александра требаше да настапи на плоштадот во Бар уште на почетокот на оваа година, но поради трагичните настани што се случија на 1 јануари на Цетиње, реши да го одложи концертот. Наскоро по тоа ја дозна и среќната вест – дека по вторпат ќе стане мајка – па се повлече од сцената и од јавноста.

Неодамна во медиумите се појавија информации дека Пријовиќ ќе пее за дочекот на Новата година во белградскиот Сава Центар, што многумина го сфатија како нејзино големо враќање пред публика. Но, таа чест сепак прво ќе ја имаат фановите во Црна Гора, каде што владее огромен интерес за концертот, пишува Курир.

Три излегувања за еден месец по породувањето
Иако по вторпат стана мајка, Александра не се откажа целосно од општествениот живот. Во првиот месец по породувањето излегла дури три пати. Прво била видена на забава на бендот Лексингтон во Белград, каде спонтано ја испеала својата песна „Све по старом“. Потоа се појавила и на настапот на Бобан Рајовиќ, во друштво на пријатели и на роденденот на својата соработничка, нутриционистката Ана Петровиќ, што се одржал во еден белградски хотел. Таму повторно зела микрофон, а снимките од тој момент набргу ги преплавија социјалните мрежи, пренесува Телеграф.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....