9.8 C
Скопје
20:45 - 16 март, 2026

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

За многумина, со доаѓањето на пролетта доаѓаат и проблемите во вид на алергии. Сепак, има решение и за тоа. Овие намирници можат да ви го олеснат животот.

Јаболка – богати се со биофлавоноид, кој исто така е присутен и во лукот, зелката и карфиолот, кој го намалува прекумерното испуштање на хистамини. Контролирањето на нивото на хистамините ги ублажува симптомите на алергијата.

Куркума – Овој индиски зачин е познат поради неговото антивоспалително својство. Но, истражувањата покажуваат дека еден од елементите на куркумата го спречува претераното излачување на хистамин и така ги намалува симптомите на алергии.

Семки од тиква – Пребогати се со магнезиум и само четвртинка филџан дневно од нив е доволно за да се ублажат симптомите од алергија. Магнезиумот ги опушта мускулите и ги отвора дишните патишта, па полесно се диши. Други одлични извори на магнезиум се и бадемите, семките од сончоглед, овесната каша, брокулата, зелениот зеленчук и темното чоколадо.

Јагоди – Витаминот Ц што го содржат јагодите не е корисен само за подигнување на имунитетот, туку го намалува и излачувањето на хистамин кое предизвикува чешање на очите, кивање и раздразлив нос. Една студија докажува дека намалениот витамин Ц во организмот предизвикува значајно зголемување на нивото на хистамин во крвта.

Лосос – Богат со омега 3, лососот значително помага во намалување на алергиските симптоми. Омега 3 масните киселини се корисни не само за намалување на алергиите, туку и за појако срце, подобро расположение и подобро помнење.

Слични објави

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

Гоца Тржан јавно ѝ призна на хрватската пејачка: Со години те гледам гола и се „палам“ на тебе!

Еспресо

(Фото) Ова е последната фотографија од Ксенија Пајчин! 48 часа пред смртта била со овој маж, се снимале во автомобилот

Еспресо

Што мислите, колку пати луѓето вистински се вљубуваат во текот на животот?

Еспресо

„Тоа остави трага врз неговото здравје“: Соседите проговорија за Ѓани откако имаше операција на срце

Еспресо

(Видео) Рале не се откажува од лошите навики, пред операцијата на срцето „уловен“ како пуши и наздравува со алкохол

Еспресо
Се вчитува....